1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мудис им се заканува на САД

ЖА/дв/дапд/ртре3 јануари 2013

„Фискалната бездна“ можеше да биде избегната, но буџетската криза во САД ни оддалеку не е надмината. Сега за збор се јави и највлијателната рејтинг агенција.

https://p.dw.com/p/17D05
Фотографија: dapd

По компромисот за државниот буџет во САД, рејтинг агенцијата Мудис од американскиот Конгрес побара натамошни чекори за редуцирање на масивниот буџетски дефицит. Во спротивен случај на САД им се заканува одземање на најдобара оценка „Ааа“, предупреди агенцијата. Пакетот за избегнување на т.н. „фискална бездна“ усвоен во Конгресот не е доволен, се вели во образложението. Меѓу другото, не е постигната согласност за границата на задолжувања, која е достигната на крајот на 2012. година.

Мудис уште во септември се закани да ја намали оценката за кредитоспособноста на САД за еден степен, во случај на неуспех на прегвоорите за усвојување на буџетот. Рејтинг агенцијата останува на оценката „негативни“ за изгледите за бониттеот на САД во иднина.

Претходно Претставничкиот дом во САД ноќта кон средата го изгласа компримисот со кој 98 проценти од домаќинствата се спасени од последиците на т.н. фискална бездна“ - зголемување на даноците и кратења на државните издатоци, одложувајќи ги за два месеца. Сенатот уште претходно го одобри компромисот. Буџетскиот дефицит во САД во изминатите четири години порасна на преку илјада милијарди долари. Границата на задолжување на државата моментно е околу 16 илјади милијарди долари. Рејтинг агенцијата Стандард и пурс не гледа причина за зголемување на бонитетот на САД со оглед на компромисот за буџетот. Од пред извесно време оваа агенција на САд им ја додели оценката „АА+“, значи не најдобрата, а за негативни ги оценува и изгледите за во иднина. Воздржаноста Стандард и пурс по компромисот за буџетот ја образложува со среднорочната нестабилност на американските финансии.