1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мудис повторно го намали бонитетот на Кипар

5 ноември 2011

Поради можно влијание на грчката должничка криза врз Кипар, рејтинг агенцијата Мудис го намали бонитетот на оваа земја за два степена. Со тоа обврзниците на Кипар се само едно ниво пред да важат за особено ризични.

https://p.dw.com/p/135aQ
Кипар

Растат сомнежите во американската рејтинг агенција Мудис околу кредитоспособноста на Кипар. Агенцијата повторно го намали бонитетот на земјата од евро-зоната, овојпат за два степени на „Баа3“. На тој начин Мудис го рангира Кипар на само еден степен пред нивото кога неговите државни обврзници би важеле за особено ризични.

Владата мора да ги спасува банките

Агенцијата го образложи овој чекор со тоа што кипарските банки во висок процент се ангажирани во Грција. Со неодамна усвоениот пакет за спас за Грција, кој ќе биде и применет, кипарските финансиски институти мора да сметаат на двојно поголеми загуби, велат аналитичарите на Мудис. Истовремено тие укажуваат на негативниот тренд на стопанството. Затоа агенцијата смета дека владата во Никозија по се’ изгледа во наредната година ќе мора да ги спасува домашните банки. Тие проценуваат дека финансиската потреба ќе изнесува една милијарда евра.

Logo Schriftzug Moody´s
Фотографија: picture alliance/dpa

Соседна Грција и Кипар се економски тесно поврзани. Трите најголеми банки на земјата поседуваат грчки државни обврзници, според проценките, во висина од пет милијарди евра. Според податоци на кипарскиот министер за финансии, Кикис Казамиас, долгот на земјата во моментов изнесува околу 65,5 проценти од брутодомашниот производ.

Нема изгледи за финансиска реформа

Аналитичарите на „Мудис“ се сомневаат дека владата во Кипар има капацитети да добие свежи кредити на меѓународните пазари „Со тоа расте веројатноста, дека Кипар ќе има потреба од итна помош од други лончиња“, изјави портпарол. Мал е оптимизот на агенцијата и кога станува збор за спроведување на финансиските и структурни реформи за обезбедување на долгорочна стабилност од страна на кабинетот во Никозија.

Меѓутоа големите рејтинг агенции експерите на Мудис најлошо го оценуваат економскиот развој на земјата.  Агенцијата Фич кредитоспособноста на Кипар  ја намали на „БББ“ еден степен над овој на Мудис, додека Стандард и Пурс и‘ додели на земјата оценка „БББ плус“ со негативни изгледи.

Автор: Сузане Ајкенфондер/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска