1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мудис со лоши оценки и за европскиот спасувачки чадор

АТ/ ртр/ дпа/ афп25 јули 2012

Американската рејтинг агенција Мудис сега се заканува дека ќе ја намали кредитоспособноста на европскиот спасувачки фонд ЕФСФ. Освен фондот, во визирот на агенцијата се најдоа повеќе германски сојузни покраини.

https://p.dw.com/p/15eGx
Фотографија: AP

По Германија, Луксембург и Холандија сега и на европскиот спасувачки чадор ЕФСФ му се заканува намалување на бонитето од страна на американската агенција за рејтинг Мудис. Агенцијата ги намали прогнозите за кредитоспособноста на овој фонд од стабилно на негативно ниво. Ова е последица од намалување на изгледите на трите држави на еврото, бидејќи тие стојат како гарант за спасувачкиот фонд, се вели во образложението.

За ваквата оценка, покрај намалувањето на изгледите на трите држави, влијаела и „растечката несигурност во еврозоната“, наведува агенцијата. Мудис меѓутоа ја задржа најдобрата оценка, тројно А за евроспкиот спасувачки фонд. Но, негативниот изглед е првиот чекор кон намалаување на кредитоспосбноста. 

Бонитетот и на повеќе германски покраини со негативен изглед

Мудис изрази сомневање и во бонитетот на повеќе германски покраини и ги намали нивните изгледи за кредитоспособноста. Погодени се покраините Баден Виртемберг, Баварија, Берлин, Бранденбург, Северна Рајна Вестфалија и Саксонија Анхалт. Овој чекор се образложува меѓу дргуото и со високите долгови на овие покраини. Исто така и проценките за бонитетот на германските државни претпријатија Дојче бан и Дојче флугзихерунг се намалени на негативно ниво.

Полош рејтинг би можело да значи повисоки камати при обезбедување свеж капитал на пазарите. Имено, доверителите се соочени со претпоставката дека нивните пари се помалку сигурни. Намалувањето на изгледите не значи дека со сигурност ќе следува и намалување на кредитоспобноста. Исто така другата водечка рејтинг агенција Сандард и Пурс пред неколку месеци го стави под знак прашалник бонитетот на Германија, но оценката остана недопрена. Доколку Мудис сепак се решени за намалување на кредитоспобноста, тоа најверојатно ќе предизвика синџиреста реакција. Тогаш и банките ќе мора да сметаат со полоши рејтинзи.

АТ/ ртр/ дпа/ афп