1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музејот гледа политичка заднина во новинарскиот протест

БГ/миа23 октомври 2013

Од Музејот на македонската борба за државност и самостојност реагираат на обидот на новинарите денеска да одржат протест пред институцијата

https://p.dw.com/p/1A52J
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Надлежните во Музејот им порачаа на новинарите своите протести да ги одржуваат пред „партиите и другите институции“, откако нивниот денешен обид да протестираат пред зградата беше спречен од специјални полициски сили.

„Ве молиме вашите протести да не ги одржувате пред музејските институции, како што тоа денеска го направивте пред Музејот на македонската борба. Не нѐ користете за дневно-политички цели, држете ги вашите собири пред партиите и другите соодветни институции. Го разбираме правото на слободен протест и слободна мисла секаде и секогаш, но не може никого да уверите дека организирањето на овој настан токму денеска и токму тука немаше дневно- политичка позадина“, се вели во соопштението од Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

„Не го сквернавете овој голем празник и дозволете музеолошката дејност да функционира онака како што треба“, стои во соопштението од Музејот.