1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музиката е обележје на Мундијалите

12 јуни 2010

Ниту еден друг спорт на земјината топка не е толку популарен како фудбалот, а тука припаѓа и многу музика. Химните на Светските првенства неретко беа и големи музички хитови во изминатите години

https://p.dw.com/p/No0f
Шакира ја пее химната на СП 2010Фотографија: AP

Со натпреварот меѓу Јужнoафриканската Република и Мексико во Јоханесбург беше отворен „Купот на животот“ („Тhe cup of life“), како што пее Порториканецот Рики Мартин. На земјината топка ниту еден друг спорт не е толку популарен како фудбалот, па така и овојпат милијарди луѓе низ целиот свет, ќе навиваат за своите репрезентации. Со навивањето оди и многу музика.

Овојпат за Африка

Pele und Beckenbauer
Фудбалските легенди Пеле и БекенбауерФотографија: AP

„Вака вака (Овојпат за Африка)“ („Waka waka (This time for Africa)“) е официјалната песна на ФИФА-СП, која ја пее Колумбијанката Шакира, поради што некои Јужноафриканци се налутија. Домаќините се пожалија дека имаат одлични домашни пејачи, и попусто е дури и фактот дека придружниот бенд „Фрешлиграунд“ („Freshlyground“) е од Јужноафриканската Република. Светската фудбалска федерација ФИФА не ангажира Африканец за официјалната химна на СП, но сепак заработувачката од песната беше донирана за кампањата „20 центри за 2010“, со која низ цела Африка треба да се отворат 20 здравствени, образовни и фудбалски центри на „Фудбал за надеж“ („Football for Hope“).

Фудбалот создава легенди, имињата како Марадона или Бекенбауер до денес претставуваат поим низ целиот свет. А од Едсон Арантес до Насцименто, син на една сиромашна перачка, настана „кралот на фудбалот“ Пеле, кој ФИФА дури го прогласи за најдобар светски фудбалер на минатиот век. Пеле со Бразил, за првпат стана светски првак како 17-годишник во 1958 година, во Шведска.

Бразил има освоено пет трофеи на СП

Eröffnungskonzert Fußball WM 2010
Концерт за отварањето на СП 2010Фотографија: AP

Бразил го освои трофејот вкупно петпати во историјата на СП, и со тоа е прв на ранглистата пред Италија со 4 и Германија со 3 титули. Песната „Време е нешто да се сврти“ („Zeit, dass sich was dreht“) од Херберт Гренемајер, беше официјална химна на минатото СП во Германија.

Првото Светско првенство воопшто се одржало во 1930 година во Уругвај. Тогаш учествувале 13 нации. Фифа, која беше формирана во 1904 година, дотогаш дозволуваше фудбалските нации да настапуваат на Олимписките игри, но барањата на професионалните платени фудбалски играчи се судрија со аматерската концепција на игрите. Во Монтевидео, домаќините во финалето пред 70.000 гледачи ја победија Аргентина со 4:2 и така ја освоија првата титула на СП во историјата на фудбалот. Поради вжештената атмосфера, за личната безбедност на белгискиот судија тогаш бил поставен по еден телохранител зад секој гол.

Модерниот фудбал потекнува од Англија

Fußball, WM 2006, England - Ecuador 25.06.2006
Во Англија бил формиран првиот фудбалски сојуз во светотФотографија: AP

Во 2002 година, фудбалот се врати онаму каде што беше пронајден. СП се одржа во Азија, химната ја компонираше Вангелис. Се смета дека спортот го измислил кинескиот цар Хуангди во 2600 година п.н.е. Тој им наредувал на неговите приврзаници да го наполнат желудникот на убиениот непријател и од него да направат топка, која ќе може да се удира со нозете. Подоцна играта не била толку крволочна, и била прифатена под името Тс‘ух-ких.

Се смета дека модерниот фудбал всушност потекнува од Англија, и покрај тоа што во 1350 година тогашниот англиски крал Едвард III ја забрани играта, затоа што наводно го одвлекувала вниманието од стрелаштвото и другите борбени вештини. Сепак, и покрај ваквиот кралски указ, фудбалот одовде ја започна својата офанзива и во 1863 година во Англија бил формиран првиот фудбалски сојуз во светот „Фудбалската асоцијација“. Затоа Англичаните толку жалат што само еднаш ја освоиле титулата на СП, во 1966 година. Песната „Три лава“ („Three Lions“) од „Лајтнинг Сидс“ зборува за бројните неуспеси и сепак буди искра надеж.

Победничката химна „We are the Champions“, всушност не била компонирана со таа цел, но им е омилена на навивачите од целиот свет.

Автор: Сузане Кордс/ Јасна Мушиќ Јанчулева

редактор: Борис Георгиевски