1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музика исполнета со љубов и надеж

Кристоф Рихтер 27 јануари 2009

Израелската поп-ѕвезда Авив Гефен во родна земја веќе долго време важи за супер-стар. Тој е икона за израелското мировно движење и идол на младите, на кои им е преку глава од војни и сакаат конечно да живеат во мир.

https://p.dw.com/p/Gh39
Израелскиот музичар Авив ГефенФотографија: picture-alliance/ dpa

Со затворени очи и набрано чело, Авив Гефен пее за младите воени обврзници, кои со „вжештена крв“ ги испраќаат на првата борбена линија. Критика за војната, каква што човек ретко слуша од некој поп-музичар.

Војната мора поскоро да заврши

Тажниот крик за помош на овој 35-годишен Израелец отсликува цела генерација, која се залага за мирно решение на спорот со арапските соседи. „Навистина посакувам мирно решавање на спорот со Палестинците. Тоа може да се постигне само со помошта на Египет, кој игра навистина голема улога во регионот. Но, она што е најбитно, војната мора да заврши колку што е можно поскоро.“

Авив Гефен - чија музика може да се опише како мешавина меѓу она што Дејвид Боуви и Џони Кеш го правеа како млади - е една од најголемите ѕвезди во Израел. Од 90-те години наваму има продадено повеќе од половина милион албуми.

„Уметноста е политика, политиката е уметност“

Татко му е познат израелски издавач, Џонатан Гефен, а вујко му е Моше Дајан, кој за време на т.н. шестдневна војна од 1979 година беше министер за одбрана на Израел и, заедно со Египет, го изработи мировниот договор од Кемп Дејвид. „Ја плаќаме цената за окупираните области. Минатото е застрашувачко, но мора да научиме да простуваме и да продолжиме напред. Мојата музика е исполнета со љубов, надеж и сочуство“, вели Авив.

Aviv Geffen
Авив ГефенФотографија: picture-alliance / dpa

Но, со своите радикални политички ставови, Гефен често предизвикува бранувања во израелската јавност. На пример, тој бара територијално откажување од источниот дел на Јерусалим. За многу Израелци ова е навреда. Покрај тоа, пејачот бара и повлекување на сите Евреи од автономните палестински области.

„Уметноста е политика - политиката е уметност. Тука нема ништо ново. Музичари како Џон Ленон или Боб Дилан покажаа дека музиката има моќ да ги придвижи работите. Со мојата музика оставам гребаници на лицето на израелското општество. Зборувам за големите теми, што ни се важни во Израел. На пример, дека окупираните региони се тумор за нашата земја. Сосема сум убеден дека музиката може да промени нешто“, самоуверено вели Авив.

Вербата за мир не умира

Der israelische Sänger Aviv Geffen posiert am Dienstag (13.01.2009) mit seiner Gitarre im Hotel Adlon in Berlin. Der Pop-Musiker startet am 17. Januar 2009 in der deutschen Hauptstadt seine Deutschlan
Преку музика до подобра иднинаФотографија: picture-alliance/ dpa

Четврти ноември, 1995 година е денот што несомнено многу го промени животот на Гефин. За време на една мировна манифестација во Тел Авив, тој настапи како музичар. На крајот од неговиот настап, на сцената излезе тогашниот премиер и потписник на мировниот договор од Осло, Јитцак Рабин, и го прегрна. Само неколку минути подоцна, Рабин загина во атентат. Случај што долго време го остави Авив Гефен целосно шокиран. Оттогаш неговата лутина стана уште поголема, но дури ни тогаш не ја изгуби наивната верба во мир.

„Можеме да го промениме светот. Не смееме да чекаме, инаку нема никогаш да се стави крај на војната на Блискиот Исток. Секоја бомба што се прави, ќе експлодира. Деца и понатаму ќе умираат“, вели Авив Гефен.

Сепак, музичарот е осамен со својот поглед на работите и политички погледнато, се` уште аутсајдер.