1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музика преку знаковниот јазик

Сузане Каленбах/ Александра Трајковска 30 декември 2013

Лаура Швенгбер е преведувач на знаковниот јазик. Таа на лицата со оштетен слух не само што им го доближува знаењето, туку и музиката. Оваа млада берлинчанка преведува концерти на бендови.

https://p.dw.com/p/1AavE
Фотографија: fotofrank/Fotolia

„Здраво, јас се викам Лаура Швенгбер. Денеска ќе преведувам концерт на бендот 'Зелиг' на германскиот знаковен јазик“.

Оваа 23 годишна девојка веќе работеше со многу германски уметници. Од Кајмцајт до Мариус Милер-Вестерхаген. Проверка на звукот во Николај салата во Потсдам.

Со Јан Плевка, пејачот и текстописецот на бендот, таа разговраше за значењето на неговите стихови.

„Лириката во песните е навистина голем предизвик. На пример ако се работи за слика, за која се раскажува. Неодамна имав 'Ангели играат шах со време и простор'. Тогаш земам ангел, простор, време и потоа тие си земаат време и играат шах. И со тоа се задржуваат всушност сите значења и покрај тоа се работи за превод“, вели Швенгбер.

Јан Плевка од „Злиг“ истакнува: „За мене тоа е: Постојано се имаат солзи во очите, јас мислев, о тоа е убаво... 'Ние можеме да бидеме најдобрите'. Тоа е песна од нас. Се учи многу, исто така и од лични причини, така што се прават гестови, а тоа е како танц, како што прави таа.“

Кога оваа берлинчанка не танцува на бините, таа преведува на пример за студентите со пречки во слухот.

Веќе неколку години настапува во музички видеа.

За нејзината професија основите ги постави уште како дете. „Тогаш имав мислам дванаесет години и го запознав мојот до денес најдобар пријател, Еди. На Еди во периодот на нашето пријателство му се оштети слухот и видот и затоа почнавме да измислуваме јазици за да можеме да комуницираме - и по матурата си реков, сега ќе учиш нешто сериозно - и така дојдов до знаковниот јазик.“

Gebärdensprache Positiv
Фотографија: fotofrank/Fotolia

Почна концеротот во салата „Николај“ во Потсдам. Лаура Швенгбер стои на работ на бината, ги преведува песните на бендот и танцува. Поинаку од порано.

„Кога сега уште еднаш ќе се погледнат првите преводи, таму повеќе стојам, сѐ уште сум некако многу мирна и повеќе или помалку ги движам само рацете и лицето, а танцувањето дојде како резултат од повратната реакција на луѓето кои ми рекоа: Убаво е што сега имаме текст - но можеби кон тоа може да се надополни ритамот, а потоа дојдоа другите и прашаа: Дали може тоа да се спои со мелодијата, и доаѓаа сѐ повеќе и тогаш помислив: Добро, сека едноставно ќе пробам поинаку и сега е така како што изгледа“.

Лицата со оштетен слух во публиката аплаудираат на посебен начин: Тие не удираат со рацете туку ги тресат.

„Порано немав воопшто пристап до музиката. За мене тоа е целосно ново. Јас овде за првпат дојдов во контакт со музиката. Многу ми се допаѓа како се преведува музиката“.

Енергијата на музиката лицата со оштетен слух ја чувствуваат преку телото. Сега благодарение на Лаура Швенгбер можат и да ја разберат.