1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мурси ги амнестира политичките затвореници

АТ/ афп/ дапд/ дпа/ ртр9 октомври 2012

Египетскиот претседател Мохамед Мурси ги помилува сите политички затвореници кои беа затворени за време на и по народниот бунт против екс претседателот Хосни Мубарак.

https://p.dw.com/p/16Mea
Фотографија: Getty Images

По сто дена на функцијата, египетскиот претседател Мохамед Мурси прогласи амнестија за револуционерите од плоштадот Тахрир. Таа важи за сите кои биле уапсени за време на протестите против поранешниот властодржец Хосни Мубарак меѓу 25 јануари 2011. до неговото стапување на функцијата во јуни 2012. година, се вели во официјалниот декрет на претседателот.

Засега не е познато колку лица ќе профитираат од амнестијата. Портпарол на претседателот вчера не го прецизираше точниот број на затвореници. Но, сите оние кои чекаат на процес, ќе бидат ослободени рече тој. Затворениците кои се во затвор поради убиство нема да бидат амнестирани.

Претседателот Мурси побара од египетското обвинителство како и од воените обвинители во рок од четири недели да подготват листа со имиња на оние за кои важи амнестијата.

Екс претседателот Хосни Мубарак беше соборен од власт со народен бунт во февруари минатата година. Според активисти, во политички нестабилниот период потоа, биле упасени голем број цивили.