1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мурси има рок до утре да поднесе оставка

БГ/ап/миа1 јули 2013

Демонстрантите во Египет му дадоа рок до утре до 17 часот на претседателот Мохамед Мурси да поднесе оставка или да се соочи со нивниот револт. Министри го напуштаат претседателот. Најмалку 16 луѓе загинаа во протестите

https://p.dw.com/p/18zLQ
Фотографија: picture-alliance/AP

Организаторите на анти-владините протести во Египет му дадоа рок на исламистичкиот претседател Мохамед Мурси рок до вторник попладне да поднесе оставка или ќе се соочи со уште помасовна кампања. Демонстрантите во текот на ноќта упаднаа и во седиштето на партијата на Мурси, Муслиманското братство во Каиро. Во судирите со силите за безбедност и со приврзениците на Мурси загинале најмалку 16 луѓе, а 780 се повредени. Меѓу жртвите се и шест лица кои се забарикадирале во седиштето на Муслиманското братство.

Четворица министри во владата на Мурси денеска поднесоа оставки на функциите. Министерот за туризам, министерот за комуникации и информациски технологии, државниот министер за заштита на животната средина и министерот за правни и парламентарни прашања врачиле заедно оставки до премиерот Хишам Кандил. Локалните медиуми јавија дека министрите поднеле оставки како солидарност со демонстрантите кои бараат повлекување на Морси од функцијата.

Kairo Sitz der Muslimbruderschaft in Brand 01.07.2013
Седиштето на Муслиманското братство во Каиро во пламенФотографија: Khaled Desouki/AFP/Getty images

Милиони луѓе ширум земјата вчера излегоа на протести на првата годишнина од доаѓањето на функцијата на Мурси. Демонстрациите беа претежно мирни, а насилството изби откако демонстрантите станаа цел на истрели од огнено оружје. Потоа состојбата ескалираше. За денеска веќе се најавени нови протести, а доколку Мурси не поднесе оставка утре се очекува нова ескалација на состојбата.