1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Муслиманите го празнуваат Курбан Бајрам

6 ноември 2011

Исламските верници денеска (06.11) започнуваат да го слават големиот празник Курбан Бајрам или т.н. „празник на жртвата“, затоа што се принесува жртва - курбан, обично овни, кои потоа им се делат на сиромасите.

https://p.dw.com/p/135to
Муслимански верници собрани околу Светата Каба во Мека за време на аџилакотФотографија: AP

Големиот празник за верниците од исламска вероисповест трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар). На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз - со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога.

Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Каба во Мека.

Курбан Бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година, бидејќи исламскиот календар е лунарен, а грегоријанскиот календар е соларен.

Лунарниот календар е приближно 11 дена пократок од соларниот календар. Секоја година, Курбан Бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.

Автор:СН/ЖА/мф

Редактор: Ж. Ацеска