1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Муслиманското население расте двојно побргу

27 февруари 2011

За 20 години секој четврти жител на планетата ќе биде Муслиман, гласат резултатите на најновите американски студии. Стапката на пораст на муслиманското население е многу поголема од онаа на останатите жители во светот.

https://p.dw.com/p/10EJM
Фотографија: DW

Муслиманското население во наредните две децении ќе се зголемува двојно побргу од немуслиманското, односно стапката на пораст кај муслиманите ќе изнесува 1,5 додека кај другите 0,7 насто. Ова е разултатот на истражувањето на вашингтонскиот институт „ПЕВ рисрч центар“ на тема „Иднината на муслиманското население“.

58 милиони Муслимани во Европа во 2030

Од друга страна, меѓутоа стапката на пораст кај муслиманското население во однос на онаа во изминатите дваесет години ќе се намали за 0,7 насто. Во Европа овој пораст ќе биде скромен вели Брајан Грим, директор на институтот од Вашингтон:

Beteiligung der muslimischen Wähler an den Bundestagwahlen.
Бројот на муслимани во Германија во 2030 година ќе изнесува 5,5 милиониФотографија: AP/DW-Montage

„Во Европа очекуваме зголемување на уделот на муслиманското население за една третина односно од сегашните 44 на 58 милони во 2030 година. Во 2010 Муслиманите претставуваат 6 насто од целокупното европско население, а во 2030 ќе чинат 8 насто.“

Секако постојат регионални разлики во Европа. Особено голем ќе биде порастот во Белгија, од сегашните 6 на 10,2 насто, во Франција од 7,5 на 10,3 насто. Во Германија во моментов живеат 4,1 милион Муслимани, а во 2030 нивниот број ќе изнесува 5,5 милиони. Онаму каде што одамна постои муслиманско население, како на пример во Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Русија, стапката на неговиот пораст нема да биде толку голема како во западна, северна и јужна Европа, каде важна улога игра миграцијата.

Трендот е помало семејство

Значи ќе биде забележлив континуиран пораст на муслиманските жители, но не може да стане збор за експлозивен развој. Тоа делумно може да се објасни со фактот дека имигрантите доаѓаат од земји во кои стапките на наталитет се веќе намалени, како на пример во Турција на 2 насто или во земјите од Магреб, каде тие се уште помали. Имигрантите од овие земји нема да го променат своето однесување кога ќе дојдат во Европа...

„Тие се обидуваат да се интегрираат во новата култура. Трендот е да се превзема начинот на живот во земјата во која се дојдени. На пример, ако сакаат децата да им стекнат добро образование и шанса да најдат работа, странците се определуваат за помало семејство, со цел на децата да им овозможат подобар живот.“, вели Брајан Грим.

Автор: Петер Филип/ Симе Недевски

Редактор: Горан Чутановски