1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Набуко гасовод

27 јуни 2006

Министрите за енергетика на Турција, Австрија, Бугарија, Унгарија и Романија во Виена ја дадоа својата политичка поддршка за планираниот гасовод Набуко кој треба да носи гас од Каспиското море до Европа. Вкупниот инвестиционен волумен на проектот изнесува 4,6 милијради евра. Јулија Дамјанова од Виена:

https://p.dw.com/p/AeLS
НАБУКО - нов гасовод за Европа
НАБУКО - нов гасовод за ЕвропаФотографија: PA/dpa

Во заедничката изјава министрите на спомантите држави ја дадоа политичката поддршка за изградбата на гасоводот. Изјавата ја потпиша и евро-коемсарот за енергетика Андрис Пиебалгас. Гасоводот Набуко, кој треба да транспортира до 30 милијарди кубни метри гас годишно треба да го направи посигурно обезбедувањето на Европа и да понуди алтернатива за руксиот гас. Австрискиот министер за стопанство Мартин Бартенштајн:

„Ова е проект чија цел е подобрување на сигурната испорака на гас за Европската унија„.

Гасоводот долг 3 илјади и 300 километри ќе носи гас од Каспиското море до Австрија преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија. Гасот за Набуко ќе доаѓа од Азербејџан и Иран, но исто така и од Ирак и Египет. Казахстан и Русија не се исклучени како можни лиферанти. Австриаксиот минситер за стопанство Бартенштајн се обиде да ги ублажи можните недоразбирања:

„Набуко проектот не е насочен против никого. Ниту против Русија или Газпром, туку е само пат за диверсификација на изворите за снабдување на Европската унија. Имаме одлични односи со Русија и Газпром и сите знаат дека Русија останува главниот испорачувач„.

Гасводот ќе биде изграден и управуван од Набуко гасоводот интернешенел. Акционери се пет национални енергетски друштва: турското БОТАС, австриското ОМВ, бугарското Булгаргас, унгарското МОЛ и романското Трансгас.

Дел од финансиите би трербало да обезбеди и Европската инвестициона банка. Европската банка за обнова и развој проектот ќе го поддржи со долгорочни кредити.