1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Набљудувачата мисија на СЕ за изборите на Косово е составена

6 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BnGg

Советот на Европа состави мисија за набљудување на парламентарните и локалните избори на Косово што ќе се одржат на 17 ноември. На 11 октомври 16 долгорочни набљудувачи од 12 европски земји ќе бидат испратени во различни региони на Косово за да го следат изборниот процес одблизу, а неколку дена пред изборите во покраината ќе пристигнат уште 150 набљудувачи од земји на Советот на Европа и европски институции. Инаку, предизборната кампања, според одлуката на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, ќе трае 21 ден. Таа треба да почне на 25 октомври и да заврши на 15 ноември.