1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Навални во Москва пречекан како херој

ЖА/дв/дпа/ртре20 јули 2013

По изненадувачкото ослободување од притвор, критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, се врати во Москва. Оттаму тој побара ослободување на политичките затвореници и најави - не се откажува од кандидатурата за градоначалник

https://p.dw.com/p/19B5V
Фотографија: Reuters

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој на 18 јули беше осуден на пет години затвор, а следниот ден пуштен од притвор до правосилноста на пресудата, не се откажува од кандидатурата за градоначалник на Москва.

Навални денеска (20.07) изутрина пристигна од Киров во Москва, каде на бројните приврзеници кои го пречекаа им порача дека не се откажува од кандидатурата од изборите за градоначалник на 8. септември.

„Заедно имаме огромна и голема сила, среќен сум што стануваме свесни за тоа. Ќе победиме“, порача Навални. Тој побара пуштање на слобода на политичките затвореници, како и на екс-нафтениот олигарх Михаил Ходорковски и членките на музичката група Пуси Рајот, Надежда Толоконикова и Марија Аљохина.

Опозиционерот беше пуштен од притвор во петокот, само еден ден откако му беше изречена пресуда од пет години затвор поради малверзации.

Судијата одлуката за пуштање на Навални ја образложи со фактот дека тој е регистриран како кандидат на изборите за градоначалник на Москва во септември, и според Уставот има право да учествува на изборите.