1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Награда за основачот на Транспаренси интернешенел

Gräßler, Bernd20 декември 2007

Нејзиниот основач, 69-годишниот Германец, Петер Ајген, деновиве во Берлин ја доби годинашнава награда што го носи името на поранешниот германски претседател Густав Хајнеман.

https://p.dw.com/p/CdHk
Зад ова лого се крие и голем авторитет

Неговите напори малку наликуваат на борбата на Дон Кихот со ветерниците. Петер Ајген сака да го ослободи светот од корупција. Поттикот дојде од неговата работа во Светската банка. во неговите биланси не ја потисна бедата во регионите за кои беше надлежен: Африка и Латинска Америка:

„Ние констатиравме, а кога велам ние, мислам и на моите колеги, но, на пример, и на мојата сопруга која како лекарка работеше во земјите на третиот свет, дека поради корупцијата, беа уништени многу нешта што се обидовме да ги направиме на економски план или во социјалниот развој„.

Во 1993 година Ајген ја напушти работата како регионален директор на моќната Светска банка:

„Кога Светската банка не сакаше официјално да учествува, бидејќи беше спречена од нејзините членки, си реков, тогаш ќе работам сам. Тоа беше време кога не ми беше тешко, бидејќи имав добра пензија од Светската банка и можев да ги следам моите сопствени интереси и идеи„.

Петер Ајген ја основа Транспаренси интернешенел која се разви во водечка невладина организација во битката против корупцијата. Годишните ранг листи на најкорумпираните држави во целиот свет се следат со внимание. Транспаренси денес им дава совети како на влади, така и на концерни кои ја сфатија неопходноста од битката против непотизмот. Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан во него гледа сојузник за да го спроведе проектот Глобал Комапкт, еден вид кодекс за однесување на фирмите. Анан присуствуваше на предавањето на наградата во Берлин и потсети на тоа дека Петер Ајген беше тој што упорно настојуваше во планираните девет принципи на Глобал Компакт во битката против корупцијата да се воведе и десетти:

„Секогаш кога ќе се сретневме со Петер велеше: кога ќе го добиеме десттетиот принцип. Му велев: не се грижи, ќе имаме и таков принцип и ќе го наречеме принцип Петер. Така го внесовме и него во Глобал Компакт: битката против корупцијата„.

69-годишниот Петер Ајген во меѓувреме Транспаренси интернешенел им ја довери на помладите, а тој основа сопствена нова организација. Нејзина цел е да се запре ограбувањето на суровините во третиот свет преку неповолни договори и концесии. Неговиот поранешен работодавач, Светската банка, во меѓувреме стана негов партнер во битката против корупцијата. За ова прашање се промени моќната финансиска институција, а не Петер Ајген.