1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Награда за хроничарката на распадот на Советскиот сојуз

ЖА/дпа/апд13 октомври 2013

Мировната награда на германските книжарници денеска во Франкфурт ѝ беше доделена на белоруската писателка Светлана Алексијевич. Таа во своите дела ги опишува страдањата и страстите на своите сонародници, нагласи жирито.

https://p.dw.com/p/19yoA
Фотографија: Daniel Roland/AFP/Getty Images

„Светлана Алексијевич ја употреби целата своја сила за да им даде живот и глас на сите оние кои останаа неми“, изјави првиот човек на здружението на германските книжарници, Готфрид Хонефелдер, при предавањето на наградата на писателката (на фотографијата) на свечената церемонија во Павловата црква. Авторката го доби признанието за „тоа што го опишува животниот свет на своите сонародници од Белорусија, Русија и Украина и со понизност и великодушност ги пренесува нивните страдања и страсти“.

65-годишната авторка, која се смета за морална меморија на распаднатата советска империја, во своите книги им дава збор на сите засегнати луѓе. Таа стана позната со своите документарни дела за атомската катастрофа во Чернобил, улогата на Советскиот Сојуз во авганистанската војна или улогата на жените во Црвената Армија во Втората светска војна.

На доделувањето на наградата, дотирана со 25 илјади евра, меѓу околу илјада гости присуствуваше и претседателот на германскиот парламент, Норберт Ламерт.

Инаку, денеска по пет дена, завршува истовремено и најголемиот саем на книгата во Фрнакфурт.