1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Награда The BOBs - гласајте онлајн

4 април 2012

Корисниците на интернет ширум светот можат да гласаат до 2 мај. Меѓународната веблог-награда на публиката ја доделува ДВ (Дојче веле ).

https://p.dw.com/p/14XNv
Фотографија: DW

Кој ќе ја добие годинава наградата на публиката на меѓународниот натпревар The BOBs на ДВ ќе решат корисниците на интернет од целиот свет, кои можат да го дадат својот глас до 2 мај. ДВ ги презентира сите 187-те номинирани за таа категорија на натпреварот на интернет страницата www.thebobs.com. Тука може и да се гласа.

Во изминатите недели корисниците на интернет од целиот свет упатија преку 3200 предлози за 11 јазични и шест обласни категории на BOBs. Сите тие го отсликуваат трендот дека луѓето целно се поврзуваат меѓу себе во социјалните медиуми и преку платформи, за да постигнат социјални промени. Едно меѓународно жири номинира 11 кандидати во секоја категорија.

"Special Topic Award" годинава се фокусира врз културата и образованието, соодветно на тематската поставеност на годинашниот Global Media Forum на ДВ. Во таа категорија ДВ бара блогови, портали и видео-формати кои се занимаваат со правото на образование, со проекти за образовна работа и за интеркултурен дијалог.

Други обласни категории на BOBs се: „Најдобар блог“, „Најдобар видео канал“, „Најдобро користење на технологијата за социјално добро“, „Најдобра кампања за социјален активизам“ и „Награда на Репортери без граници“. Јазици на натпреварувањето се арапски, бенгалски, кинески, германски, англиски, фарси, француски, индонезиски, португалски, руски и шпански.

Со наградата ДВ ја подржува и поттикнува медиумската и слободата на изразување на мислењето во светски рамки. Наградата ја одразува разновидноста на меѓународната блогерска сфера.

Од жирито избраните носители на наградите во шесте обласни категории ќе ги добијат признанијата на 26. јуни 2012, на Global Media Forum на ДВ во Бон. Тема на таа тридневна конференција е „Култура, образование, медиуми - достојно да се креира иднината“.

Премиум-партнер на натпреварувањето се „Репортери без граници“ и Konferenz re:publica. Медиумски партнери се Jetzt.de, Arabic Media Internet Network, Somewhere in..., Bdnews.com, iSUN TV, Global Voices, Categorynet, TV5 Monde, Gooya,salingsilang.com, Berita Satu, La Informacion, La Nacion, Terra u Lenta.ru.