1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Надворешната политика на САД малку ќе се промени по изборите

Спенсер Кимбал/Симе Недевски2 ноември 2012

Без разлика кој ќе победи на претседателските избори на 6. ноември, надворешната политика на САД и понатаму ќе биде под влијание на фактите кои оставаат малку простор за дејствување.

https://p.dw.com/p/16aEo
Фотографија: Getty Images

Во предизборната кампања , претседателот Обама и ривалот Ромни се обидоа јасно да ги разграничат сопствените надворешнополитички цели. Но наредниот претседател на САД ќе се соочи со суровата реалност и ќе има само малку простор за дејствување.

Во текот на подготовките на својата предизборна кампања Мит Ромни се обиде да се профилира како некој кој земјата „јасно и одлучно“ ќе ја воведе во „нов американски век“ и со тоа јасно ќе се огради од политиката на сегашниот претседател Барак Обама. Но, реториката на Ромни цели на оној дел на избирачите кои САД се’ уште ги гледаат како најважна и единствена сила на светот, но и како сила чија моќ полека, но сигурно опаѓа.

Пад на влијанието на САД

Но тие кои сметаат дека САД на надворешнополитички план денес игра поважна улога отколку пред 10 години, во меѓувреме се малцинство. Според резултатите на една студија на чикашкиот „Совет за надворешна политика“ , само 24 насто од Американците смета дека денес важноста на нивната земја е во пораст. Но и во моментот на доаѓањето на Барак Обама на власт владееше мислењето оти САД премногу се ангажираат во делови од светот кои не се од голема важност за граѓаните на оваа земја.

Mitt Romney US-Präsidentschaftskandidat in Israel
Фотографија: AP

„Најважна последица на ваквото мислење на јавноста е повлекувањето на единиците од Ирак“, смета Стивен Волт, стручњак за надворешната политика на САД од универзитетот Харвард. И најавата за зајакнатиот ангажман во Авганистан помина кај јавноста само поради тоа што е временски јасно ограничана. Таа воздржаност се гледа и во држењето во заднина на Вашингтон за време на Либиската криза. Обама е, како што уште во 2011. рече еден негов близок соработник за „Њуjорк Магазин“, некој кој ги движи конците од задnина. Значи Белата куќа започнала со тактика според која таа се грижи за логистичка и политичка подготовка, а самата интервенција ја презема НАТО сојузот.

Нема преголеми разлики

Тие внатрешни слабости ја обележаа и досегашната предизборна кампања во која владеeја теми како даночната политика или реформите на здраствениот систем. И така се повторува изреката на републиканскиот сенатор Артур Вандерберг, настаната уште во 1947-ма, во времето на Студената војна, дека американската политика завршува „на бреговите“ односно таму кадешто почнуваат Атланскиот и Тихиот океан. Но, додека на домашен план двајцата ривали за претседателската функција уште и можат да профитираат со различните, па дури и со спротивставените ставови, кога станува збор за американската надворешна политика, разликите и не се толку големи. Иако Обама по изборите 2008. година беше доживуван како политичар од левиот спектар, кога е во прашање надворешната политика тој не дејствува во таа насока. Добитникот на Нобелова награда за мир го зголеми бројот на американски војници во Авганистан, го зголеми бројот на напади на беспилотни летала во Пакистан и во Јемен и ги заостри санкциите против Иран. „Проблемот е во тоа што Обама всушност води надворешна политика која повеќе и‘ прилега на десницата отколку на левицата. Со тоа на Ромни на надворешнополитички план му останува малку простор за профилирање“, заклучува Стивен Волт.

U.S. Army soldiers from the 1st Cavalry Division, the last soldiers to leave Iraq, arrive at Camp Virginia, Kuwait, Sunday, Dec. 18, 2011. The last U.S. soldiers rolled out of Iraq across the border into neighboring Kuwait at daybreak Sunday, whooping, fist bumping and hugging each other in a burst of joy and relief. (AP Photo/Gustavo Ferrari)
Фотографија: dapd