1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над илјада македонски државјани го сонуваат ирачкиот и авганистанскиот сон?

Свето Тоевски14 март 2006

Дали се сеуште живи четворицата македонски државјани, тројца од Тетово и еден од Скопје, кои изминатиот викенд беа киднапирани од радикална исламистичка група во Авганистан, или можеби навистина се убиени, како што јавија вчера попладне светските агенции? Меѓународната посредничка компанија, “Еколог“, преку која тие беа вработени во Авганистан, сеуште не дала одговори на овие прашања и не ги потврд

https://p.dw.com/p/Aden
Тетово
ТетовоФотографија: AP

ува информациите за нивната ликвидација. Тоа досега не го има сторено ниту македонското министерство за надворешни работи.

На Македонија за една година и се случија киднапирања на осум нејзини државјани, во три наврати. Ланското киднапирање на тројцата Македонци од Куманово во Ирак заврши трагично. Тие беа егзекутирани. Пред 20-тина дена беа грабнати двајца Албанци од Тетово, а беа пуштени по четири дена, со плаќање откуп. Во очекување конечни и официјални информации за судбината на четворицата грабнати македонски државјани во Авганистан, се наметнува прашањето: од кои причини луѓето од Македонија се решаваат на работа во земји со високи безбедносни ризици по нивните животи, какви што се Ирак и Авганистан, и многу повеќе – ќе има ли крај на нивната печалбарска одисеја, таму каде што главата им е многу повеќе во торба, отколку што им се парите во џебот? Оние што директно се ангажирани во Авганистан и Ирак вчера не ни беа достапни за одговори на овие прашања. Затоа пред канцелариите на фирмата “Еколог“ во Тетово, прашавме поголем број млади луѓе, случајни минувачи – дали би заминале на работа во Авганистан и Ирак, и покрај сите опасности таму?

“Јас сум веќе во опасност, во ризик овде во Македонија. Не сум платил струја четири до пет години. Примам социјална помош од 1030 денари за три члена во моето семејство. Ми требаат пари. Веднаш би заминал.“

Вака без премислување вели еден од повеќетемина кои што би го ставиле на коцка својот живот за да можат да ги заработат толку потребните пари. Мнозина сепак велат дека по никоја цена не би заминале таму. Други,пак, посочуваат:

“Има многу кои работат таму, но јас не би работел таму. “

“Слушам дека има доста. Нашава држава не е стабилна економски како што треба и затоа и одат.Има многу од овде што заминале за Ирак и Авганистан. Овде немаат ниту леб да јадат, а таму заработуваат 1 500 евра. Тоа тешко ќе биде запрено. Штом овде нема економија како што треба, тој процес не може да биде запрен. Сигурно ќе одат пак.“

Преку меѓународната компанија „Еколог“ , неофицијално, засега се ангажирани околу 1 200 лица од Тетово, Гостивар и други градови од северозападниот дел на Македонија. Само во Авганистан има неколку стотици луѓе. Дел од медиумите на албански јазик во земјата дури споменуваат и бројка од повеќе од 1 500 работници во Ирак и Авганистан, и оти наводно, на ред за заминување чекаат уште пет илјади. Но, за ова сеуште нема официјална потврда. За износ од 1 500 евра до 2 500 долари се работи главно во базите и аеродромите, за потребите на меѓународните сили, како готвачи во ресторани, возачи, одржување на возила, логистика и друго. Познати се конкретни примери на луѓе, кои во Авганистан живеат и работат повеќе од две години. Ирачкиот и авганистанскиот сон на македонските државјани продолжува, и покрај предупредувањата на македонското министерство за надворешни работи да не се впуштаат во авантури и да не патуваат таму.