1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над 500 лица исчезнати во поплавите во Колорадо

БГ/миа/бета15 септември 2013

Делови од американската сојузна држава се отсечени од светот откако се излеа коритото на реката Колорадо. Стотици луѓе се сметаат за исчезнати.

https://p.dw.com/p/19hpR
Фотографија: Reuters

Над 500 лица се прогласени за исчезнати во американската држава Колорадо, каде поплавите предизвикани од поројните дождови, однесоа најмалку пет жртви. Последната регистрирана жртва е жена, однесена од течението на реката во градот Боулдер, соопштија локалните власти. Во четвртокот во градот беа откриени тела на тројца загинати, а во петокот - на четвртото загинато лице.

Во државата Колорадо е прогласена вонредна состојба, а метеоролошките служби прогнозираат дека дождовите ќе продолжат и во наредните неколку денови, што го отежнува пристапот на спасувачките служби до најизолираните реони. Спасувачките екипи ги предупредуваат локалните жители дека ќе мораат да бидат подготвени на повеќе недели без струја, питка вода и основни потреби.

Тоа особено се однесува на граѓаните кои се не расположени да се евакуираат и покрај апелите од властите.

Hochwasser in Colorado USA 13.09.2013
Фотографија: Reuters

Службите за цивилна заштита располагаат со поддршка на спасувачките екипи од доброволци и воздушен транспорт.

Снимките направени од хеликоптер, покажуваат дека градовите Џејмстаун, Лајонс и Лонгмонт се претвориле во острови. Многу села во планинските реони на запад се целосно изолирани и без вода за пиење.

Полицијата стравува дека бројот на жртвите ќе биде повисок откако ќе се повлече надојдената вода.

Американскиот претседател Барак Обама потпиша указ за прогласување на состојба на елементарна непогода во Колорадо и нареди да се обезбеди сојузна помош.