1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наковска-Бикова и Мојсовски-најуспешни спортисти во 2012

СН/АТ/макфакс/миа29 јануари 2013

Наумче Мојсовски (ракомет) и Оливера Наковска- Бикова (стрелаштво) се прогласени за „Спортисти за 2012 година“ во Македонија на манифестација која се одржа под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.

https://p.dw.com/p/17TH5
Фотографија: MIA

Спортистка на годината, очекувано е златната параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, (фото горе) која на параолимписките игри во Лондон освои златен медал и постави нов светски рекорд во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

„Оваа награда е посебна за мене, таа ми претсавува мотив да продожам со понатамошни успеси“, рече Наковска-Бикова.

Ракометарот на Металург и член на репрезентацијата која го освои петтото место на Европското првенство, Наумче Мојсовски, е прогласен за спортист на годината.

„Се надевам дека нема тука да застанам. Во 2012 ми се случија многу убави работи на репрезентативен и клупски план, 2013 не започна баш најдобро, но се надевам дека и таа ќе биде успешна како претходната година“, рече Мојсовски.

Најуспешен млад спортист за 2012 година е Димитар Ѓорѓиев (кик бокс), а спортистка на годината е Симона Заборска (карате). Македонската машка ракометна репрезентација е победник во категоријата најуспешна машка селекција, а титулата кај женските селекции ја понесе женската ракометна репрезентација. Бранимир Јовановски (стрелаштво) е прогласен за најдобар во категорија најуспешен тренер/селектор, Кирил Лазаров (ракомет), пак, е најуспешен македонски спортист во странство.

Screenshot der EHF-Website Ausschnitt
Наумче Мојсоски во минатата сезона на Лигата на шампиони во еден момент ја предводеше листата на најдобри стрелци пред Кире ЛазаровФотографија: EHF

Награди за спортски промотори на Македонија добија РК Металург, фудбалерот на Марибор и македонски репрезентативец Агим Ибраими и најдобриот македонски фудбалски судија Александар Ставрев. Постхумно наградени се Александар Атанасовски – Мац (сестран спортист) и Славе Атанасовски (кошаркарски судија).

За најдобрите во 2012 година гласаа навинарите, националните спортски
федерации, додека љубителите на спортот, својот галс го дадоа преку
интернет. Директорот на АМС Лазар Поповски пред одржувањето на главната манифестација, на 500 млади спортисти им додели стипендии „Спортска надеж“.