1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намален кредитниот рејтинг на канaдски банки

СН/АТ/афп/дпа/дапд29 јануари 2013

Рејтинг агенцијата „Мудис“ смета дека поради презадолженоста на канадските граѓани и високите цени на недвижностите, банките во Канада се поизложени на ризици.

https://p.dw.com/p/17TGH
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американската рејтинг агенција „Мудис“ ја намали оценката за кредитоспособноста на шест канадски банки за по еден степен. Агенцијата го образложи ваквиот чекор со високата задолженост на канадските потрошувачи и на високите цени на недвижностите во земјата. Со тоа банките се поранливи и поизложени на ризиците на канадското стопанство, изјави заменикот претседател на „Мудис“ Дејвид Битл.

Погодени се финансиските институции Торонто „Доминион Бенк“, „Бенк оф Нова Скоша“, „Бенк од Монтреал“, „Канејдиан Империјал Бенк оф Комерс“, „Нешнл Бенк оф Канада“ и „Кас популер Дежардан“. Потпретседателот на „Мудис“ Битл од друга страна упати на тоа дека канадските банки се’ уште се вбројуваат меѓу најдобро оценетите банки во светот. И изгледите за иднината за банките во Канада, според „Мудис“ се позитивни и не им се заканува натамошно намалување на кредитниот рејтинг.