1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намален рејтингот на Шпанија

АТ/ дв/ дапд/ ртр27 април 2012

Рејтинг агенцијата Стандард и Пурс го намали бонитетот на Шпанија. Постојат големи ризици за економскиот пораст и за буџетот, се вели во Њујорк. Од Мадрид веќе стигнаа првите критики.

https://p.dw.com/p/14li2
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американската рејтинг агенција Стандард и Пурс ја намали кредитоспособноста на Шпанија за два степена од оценката А на тројно Б плус и изгледите ги оцени како негативни.

Постојат големи ризици за економскиот пораст, соопшти агенцијата во Њујорк. Со оглед на слабата економска сила веројатно е дека буџетските проблеми на Шпанија ќе се продлабочуваат, се вели во образложението на одлуката. Шпанската влада најевројатно ќе мора да пружи поголема поддршка за банкарскиот сектор, смета Стандард и Пурс. Рејтинг агенцијата исто така не е уверена дека реформите на пазарот на трудот во догледно време ќе отоворат нови работни места.

Во првата реакција портпаролка на Министерството за економија ја критикуваше одлуката. Стандард и Пурс, се вели од Мадрид, не ги земал доволно в предвид најавените реформи.

Конзервативната влада на премиерот Маријано Рахој е уверена дека дефицитот во буџетот годинава ќе го редуцира на 5,3 проценти. На крајот од 2011 година дефицитот изнесуваше 8,5 проценти од БДП. Мадрид меѓутоа неделава потврди дека Шпанија по вторпат во поселдните три години западна во рецесија.