1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нападнати амбасадите на САД и Франција во Дамаск

11 јули 2011

Приврзаници на сирискиот властодржец Башир Ал Асад денеска ги нападнале амбасадите на Франција и на САД во главниот град Дамаск.

https://p.dw.com/p/11t9x
Фотографија: picture alliance / dpa

Обезбедувањето на француската амбасада во сирискиот главен град Дамаск пукало со боева муниција во воздух за да ги растури демоснтрантите, лојални на претседателот Башир Ал Асад, кои се обиделе да навлезат во комплексот на амбасадата, изјавија дипломати на служба во Сирија за светските новински агенции.

Поголема група демонстранти и покрај тоа останала пред амбасадата.

Слична била ситуацијата и пред американската амбасада, но демонстрантите кои биле собрани пред амбасадата набргу заминале. Амбасадата на САД соопшти дека одговорот на сириските служби за безбедност бил „бавен и незадоволителен.“

Претставник на американските власти во Вашингтон изјави дека во нападот на амбасадата во Дамаск не бил повреден ниту еден член на персоналот на дипломатското претставништво, но оти биле направени материјални штети во комплексот.

САД имаат намера да повикаат водечки сисриски дипломат во Вашингтон за да му врачат протестна нота за нападот врз амбасадата и да го осудат бавното реагирање на сириските безбедносни сили.

Засега нема извештаи за жртви во нападите, кои се случуваат три дена откако амбасадорите на САД и на Франција го посетија градот Хама, во знак на поддршка на про-демократските протести. Стотици илјади граѓани секојдневно се собираат во Хама за да протестираат против режимот на Башир Ал Асад и покрај смртоносните напади на сириската армија во градот.

Автор:СН/ТТ/ројтерс

Редактор: Трајче Тосев