1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз американска база во Авганистан

27 февруари 2007

За време на ненадејната посета на американскиот потпретседател Дик Чејни на Авганистан, атентатор самоубиец се крена во воздух пред американската воена база во Баграм, 60 километри северно од главниот град Кабул. Според првите информации на претставници на американските и авганистанските власти, загинале најмалку 19 лица. Чејни останал неповреден. Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците.

https://p.dw.com/p/Adsw
Американскиот потпретседател, Дик Чејни
Американскиот потпретседател, Дик ЧејниФотографија: AP

Нападот се случил пред еден од безбедносните премини, надвор од воздухопловната база Баграм. Атентаторот се замешал меѓу возачите на камиони кои чекале на дозвола за влез во базата и на дневна работа. Американскиот потпретседател се наоѓал на безбедно во внатрешноста на базата. За време на ненадејната посета на Авганистан, Чејни пренокил во базата, откако разговорите со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи планирани за вчера биле одложени поради лошото време. Новинарите што патуваат задно со потрпетседателот јавија дека за нападот дознале дури откако армијата прогласила тревога. Инаку, претставникот на Талибанците Кари Ахмади соопшти дека тие ја преземаат одговорноста и дека цел на нападот бил токму потпретседателот Чејни. Талибанците за почетокот на оваа пролет најавија офанзива што НАТО кој ја преводи ИСАФ мисијата, сака да ја спречи по секоја цена. Чејни во меѓувреме е во Кабул на средба со претседателот Карзаи. Американскиот потпретседател вчера во Исламабад разговараше со пакистанскиот претседател Первез Мушараф за ситуацијата во Авганистан. Мушараф во последно време се најде на удар на критиките дека неговата влада, според мислењето на Вашингтон и Кабул, недоволно се ангажира во битката против екстремистите.