1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз египетски контролен пункт на Синај

АТ/ дв/ макфакс6 август 2012

При напад во близина на египетско-израелската граница загинаа повеќемина полицајци. Претседателот Мохамед Мурси најави остар одговор од страна на властите.

https://p.dw.com/p/15kSX
Фотографија: DW

На полустровот Синај при напад врз египетска контролна станица се убиени најмалку 15 гранични полицајци. Напаѓачите облечени во традиционална облека на синајските Бедиуни дошле до пограничната станица со два автомобила и отвориле оган врз граничарите. Нападот се случил недалеку од пограничниот премин Карм Абу Салем, меѓу Египет и Израел

За нападот, јави египетската телевизија, биле одговорни исламистичките екстремисти. Според израелски наводи биле убиени повеќе терористи.

Египетскиот претседател Мохамед Мурси по нападот оддржа кризна средба на армиското раководство. Мурси најави остар одговор на нападот. Одговорните би морале „скапо да платат за злосторството“, се вели во соопштение на Мурси. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак го повика Египет, да води засилена борба против терористите во регионот. По падот на долгогодишниот претседател Хосни Мубарак во февруари 2011 година, безбедносната состојба на Синај е значително влошена.

Ситуацијата на Синај дополнително го отежнува слабото воено присуство, поради демилитаризацијата на овој сектор во рамките на израелско-египетскиот договор од 1979 година. Овој договор, инаку, новите египетски власти размислуваат да го преиспитаат.