1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напнато во Авганистан и Пакистан

13 мај 2005

Во Авганистан и Пакистан владее напната состојба по најавите за нови анти американски протести, предизвикани од сквернавењето на книгата на Kуранот. Американските служби вршат истрага за случајот за кој официјално реагираше и шефот на дипломатијата Кондолиза Рајс

https://p.dw.com/p/AcFW

Полициските и безбедносните сили во Кабул и повеќе градови низ Авганистан се во состојба на зголемена готовност по серијата анти американски демонстрации предизвикани од наводно сквернавење на куранот пред затвореници во Гвантанамо базата во Куба. Бебзедносните сили патролираат низ улиците на Кабул каде се одржуваат редовните молитви на верниците. Слична е состојбата и во соседен Пакистан, каде Исламската алијанса еден од клучните американски сојузници за време на војната најави мирни протести. Пакистанскиот министер за надворешни работи Куршид Касури побара санкции за американските војници, за кои ќе бидат обзбедени докази дека биле инволвирани во сквернавењето на куранот и ги повика САД да спроведат истрага за случчајот, кој преставува мнавреда за целокупниот исламски свет.

Америкаснкиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс соопшти дека непочитувањето на Куранот, во ниту еден случај нема да биде толерирано , додавајќи дека САД длабоко ги почитуваат светите книги на сите светски религии. Американската истражна комисија предводена од генералот Ричард Меерс соопшти дека досега не биле пронајдени докази за инцидентот. За време на демонстрациите од изминатите два дена во Авганистан загинаа седум а беа повредени 80 лица.