1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напори да се реши конфликтот во Конго

Агенции, Ж.А.1 ноември 2008

Меѓународната дипломатија е ангажирана да се спречи хуманитарна катастрофа во источниот дел од Демократска Република Конго. Илјадници луѓе се во бегство поради борбите на владините сили и бунтовниците.

https://p.dw.com/p/FlbU
Се стравува од хуманитарна катастрофаФотографија: AP

Претседателите на Конго и на Руанда, Џозеф Кабила и Пол Кагаме прифатија да учествуваат на меѓународниот собир на највисоко ниво за мировно решение на конфликтот во Конго, откако во земјата веќе неколку дена се водеа жестоки борби. Ова во Киншаса го соопшти европскиот комесар за хуманитарна помош Луј Мишел. Тој неколку дена води интензивни посредувања, а собирот за наоѓање решение ќе се одржи во главниот град на Кенија, Најроби. Водачот на бунтовниците Лорен Нкунда се‘уште не е консултиран за учество. Владата на Конго ја обвинува Руанда дека го поддржува Нкунда и неговите бунтовници.

Дипломатијата на потег

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун според информации од Светската организација, исто така е вклучен во наоѓањето мирно решение. Тој вчера разговарал со повеќе лидери од регионот и ја подвлече неопходноста да се спречи натамошно насилство. Во регионот допатуваа (01.11.2008) и францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер и неговиот британски колега Дејвид Милибанд. Тие имаат средба со двајцата претседатели, Кабила и Кагаме, а се во посета и на главниот град на источниот дел на Конго, Гом.

Demokratische Republik Kongo UN Panzer in Goma
Околку Гом со денови се водеа борбиФотографија: AP

Во овој регион на Конго се водат жестоки борби меѓу владините сили и бунтовниците лојални на водачот Лоран Нкунда. Илјадници жители се во бегство. Се појавуваат стравувања дека може да се повтори војната во Конго од 1998 година, која траеше пет години. Хуманитарните организации велат дека имаат проблеми да допрат до околу 250 илјади бегалци, кои во паника ги напуштаат подрачјата зафатени со борбите. Според спознанија на ОН, и бегалските логори се пљачкани и палени.

„Ситуацијата во земјата води кон хуманитарна катастрофа. Затоа мораме да интервенираме“, изјави европскиот комесар за хуманитарна помош Луј Мишел.