1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напредок во текстилниот спор меѓу Кина и ЕУ

6 септември 2005

Кина и ЕУ на маргините на самитот на Унијата и Кина се спогодја на компромис кој дозволува, да се ослободат од царина 75 милиони текстил. Договореното мора да се ратификува од 25те земји членки на ЕУ.

https://p.dw.com/p/AeO6
Текстилниот спор со Кина
Текстилниот спор со КинаФотографија: AP

Европскиот комесар за трговија Питер Манделсон и кинескиот министер за трговија Бо Хилаи уште од саботата преговараа за спогодба. Поради пречекорувања на увозните квоти, во мометов тони текстил од кинеско производство се задржани на европските пристаништа. Под притисок на европските текстилни увозници и повеќе земји членки на ЕУ, дел од одобрените текстилни имопорти за 2006 и 2007 година се има намера да се пресметаат за оваа година. Комесарот за трговија на ЕУ Питер Манделсон во понеделникот, Кина ја означи како предизвик, но се бранеше од изразот „ закана“

„Кина од секогаш била предизвик за западниот свет, и тоа ќе остане во наредните децении. Огромната армија на работна сила на Кина, огромната потреба за енергија и сировини како и напорите како нација која извезува да ги освои светските пазари преставува голем предизвик за нејзините партнери. Тоа мора да го прифатиме. Но предизвикот не претставува закана.“

По стапувањето на функација пред десет месеци Манделсон се зануимава со барањата за ограничување на кинеските експорти, особено во текстилната област. Тој уште нагласи дека токму по преговорите во јуни постои излез од трговската војна. Во јуни Пекинг и Брисел се спогодија, да воведат квоти на десет категории на текстил , и порастот на кинеските експорти да се ограничи на 8 до 12 проценти годишно

„Шангајскиот текстилен договор според мене е пример за конструктивна и кооперативна соработка со Кина, кога станува збор за тоа да се сврти влијанието на меѓународните пазари. Демонстрира дека Кина е дел од светската економија и дека преговара како ценет и партнер од доверба.“ истакна Манделсон

Истовремено европскиот комесар за трговија изрази оптимизам, дека Кина и Европската Унија може да го надминат текстилниот спор. На самитот по повод 30 годишнината од постоењето на дипломатските односи, и двете страни најавија дека ќе ја надградуваат економската и политичката соработка. Во центарот на еднодневниот самит теми на разговори беа и глобалната промена на климата, планираната реформа на Обединетите Нации и северно корејската атомска програма. Според британски портпарол на владата, ЕУ има намера да и пружи подддршка на Кина во развојот на чисти енергетски извори, за да се намали зависноста на кинеската економија од нафта.