1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Народната партија - главна политичка сила во Швајцарија

22 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BtdL

Десно-конзервативната Народна партија на Швајцарија ја зацврсти својата позиција во Парламентот по вчерашните избори освојувајќи 29 проценти од гласовите. Социјалдемократите со 19,5 насто се со многу послаб резултат од претходниот пат, а загуби бележат и Слободните демократи. Зелените и Христијанските демократи, напротив, во идниот Национален собир ќе имаат повеќе места. Швајцарската Народна партија во предизборниот период паѓаше во очи со плакати и пароли чии содржини беа непријателски кон странците.