1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Народниот правобранител прв на списокот кога се бара правда

Милчо Јованоски2 ноември 2012

Во Македонија се повеќе граѓани се жалат до Народниот правобранител. Потрошувачки права, социјала и дискриминација во сите облици се области во кои најчесто се кршат законите? До каде и колкава е моќта на омбудсманот?

https://p.dw.com/p/16bgE
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Централната канцеларија на Народниот правобранител во Скопје и уште шесте во Кичево,Тетово,Битола , Куманово, Штип и Струмица секојдневно  работат врз претставки од граѓаните. Близината на народниот правобранител до граѓаните беше основната цел за отворање на канцелариите. Експертите очекувале подрачните канцеларии да им служат на граѓаните за решавање на проблеми со локалната власт и децентрализацијата, но тој процент уште  е мал.

„Сепак има такви претставки кои  се однесуваат на делот на комуналните работи, во однос на уредувањето на земјиштето, хигиената и животната средина. Во подрачните канцеларии во најголем број на претставки граѓаните се жалат за надлежностите на централната власт или за органите на управата во Скопје или нивните единици и канцеларии во внатрешноста на Македонија,“

Izet Medziti Mazedonien
Народниот правобранител Иџет МеметиФотографија: DW

По судството загорзени се и потрошувачките права на граѓаните

Народниот правобранител Иџет Мемети признава дека најголем број претставки се однесуваат за судската власт.Граѓаните најчесто не се задоволни од одлуките на судот.Но , тие не се во надлежност на правобранителот. До 60 проценти од нив тој ги враќа без да отпочне постапка бидејќи е ненадлежен.  Го задржува само делот на претставките кои се однесуваат на долготрајноста на постапките или на судската администрација.

„Енормно е зголемен бројот на претставки сврзани со потрошувачките прва. Во однос на добивање на производи  и услуги од страна на компании или други производители како што се:ЕВН , Топлификација. Следуваат претставките од работните односи, инспекциското работење и социјалата. “

Го слуша ли извршната власт Народниот правобранител?!

Го прашуваме омбудсманот Мемети: Колку нивни претставки и укажувања прифатила извршната власт?

За 2011 година во 1.000 случаи сме констатирале повреда и сме пуштиле препорака или сме интервенирале пред надлежните органи во вид на укажување или пријави до надлежните  органи. Околу 800 наши интервенции се прифатени.“  Што со останатите 200?  Институцијата народен правобранител е таков орган којшто делува од позиција на убедување и нема друг присутен инструментариум. Има случаи во кои се користи јавната критика.“

Europäischer Gerichtshof für Menschenrechte Straßburg
Македонските граѓани неретко правдата ја бараат пред Судот во СтразбурФотографија: Getty Images

Граѓаните стануваат се похрабри и трагаат по своите права.  Во однос на дискриминацијата Народниот правобранител ги следи општите состојби во јавниот сектор.  Најчесто основа за тоа се припадноста, јазичната, политичката, верската или националната дискриминација. Во 2011 година биле  констатирани 19 повреди по основ на дискриминација. Посебно во делот на дискриминацијата граѓаните  стануваат свесни што е тоа и во кој форми може да се појави.

„Институцијата Народен правобранител треба во иднина да развие проекти во однос на доближување на граѓаните до законите.  Треба да се развијат проекти за промоција на нивните права. Секако дека е потребна и обука на тие што одлучуваат или тие што го практикуваат законот. Тука пред се мислам на јавната администрација се со цел таа да е поквалитетна и поефикасна.“ , вели правобранителот Мемемти.