1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нарушени норми и ветувања

Александар Чомовски 12 мај 2008

Во Македонија и официјално започна кампањата за предвремените избори на 1 јуни.Стартот е означен со многу ветувања, но и серија инциденти кај албанскиот политички блок. И спорот со името се наметна како предизборна тема.

https://p.dw.com/p/DyKA
И покрај потпишаниот кодекс за фер избори, кампањата стартуваше со инцидентиФотографија: MIA

Првиот ден од изборната кампања во Македонија започна серија инциденти во албанскиот политички блок. Стрелано е врз партиски штабови на ДУИ, а како дел од политичките пресметки запалена е и дискотека во Гостивар. Сопственикот обвини.

„Позадината на нападот е ДПА, тие го имаат направено ова“, рече Фадиљ Арслани, сопственик на дискотеката „Голден гејт“. Слично обвинување следеше и од седиштето на ДУИ. Талал Џафери изјави:

„Активистите на ДПА во нападите беа поддржани директно од полициските единици Алфа“.

Тачи се претстави во американски стил

Овие инциденти се случија на официјалниот старт од предизборната кампања во земјата која вчера прва ја започна Демократската партија на Албанците - со гала претстава и настап на лидерот во стил на американско политичко шоу. По огромната сцена на спортската сала во Гостивар, Мендух Тачи се движеше делејќи внимателно избрани пораки.

Menduh Taci von DPA, Mazedonien
Мендух ТачиФотографија: Petar Stojanovski

„НАТО, ЕУ и САД ни се стратегиски партнери. Тоа е иднината на Албанците и затоа е нужен компромис за името со нашите соседи“, рече во Гостивар Мендух Тачи.

Спорот со името сепак предизборна тема

И покрај тоа што партиите си ветија дека проблемот со името нема да биде дел од предизборната кампања, грчко - македонскиот спор и идентитетот очигледно ќе бидат меѓу политичките приоритети кај македонскиот политички блок

„Идентитетот не може да биде истргуван за полн стомак. Особено не за шопинг во Солун и за сончање на Халкидики. Затоа во Европа ќе влеземе како Македонци и никако поинаку“, рече Груевски обраќајќи се на собирот на Македонците од егејскиот дел. Името беше неодминлива тема и во Охрид, од каде синоќа традиционално стартуваше изборниот караван на ВМРО ДПМЕ, овојпат со лидерите на 18-те партнери од коалицијата „За подобра Македонија“. Груевски во својот говор меѓу другото најави продолжување на реформите, раст на економијата и привлекување на повеќе странски инвестиции

Nikola Gruevski nach den Parlamentswahlen in Mazedonien
Никола Груевски очекува нова победаФотографија: AP

Коалицијата „Сонце“ вети членство во НАТО и покана за ЕУ

Koalition Sonne Kandidaten für die Parlamentswahlen in Mazedonien am 1 Juni
Кандидатите на коалицијата „Сонце“Фотографија: MIA

СДСМ и коалицијата „Сонце“ кампањата ја започнаа во Штип. Лидерката на социјалдемократите Радмила Шеќеринска вети:

„За шест месеци Македонија ќе ја добие поканата за НАТО и преговори со ЕУ“. Таа меѓу приоритетите ги наброја и економските реформи, справување со инфлацијата и решавање на проблемот со стечајците. Шеќеринска предупреди и дека власта со 20 милиони евра ги поткупила медиумите во Македонија. Нејзиниот нов коалиционен партнер од НСДП, Петковски во говорот во Штип изјави:

„Немаме право да и ја земеме иднината на Македонија. Тоа е нашата задача на коалицијата Сонце - коалиција за Европа“, рече Петковски довчерашен владин партнер, а сега главен критичар на Груевски.