1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилно ослободени затвореници во Пакистан

АТ/ ртр/ дапд/ апе15 април 2012

Екстремисти во Пакистан им помогнаа на стотици затвореници да избегаат од затвор. Бунтовнците талибанци во акцијата корсителе и минофрлачи.

https://p.dw.com/p/14eGE
Фотографија: picture-alliance/dpa

Полицијата соопшти дека милитантни исламисти, утрово пред изгрејсонце, нападнале затвор на северозападот на Пакистан. Од 944 затвореници побегнале 384. Во нападот било користено автоматско оружје и минофрлачи.

Портпарол на полицијата соопшти дека во нападот во затворот во Бану учествувале речиси 150 талибанци. Откако навлегле во затворот, се упатиле кон одредени затворски ќелии и ослободувале затвореници.

Меѓу бегалците се наоѓаат најмалку „20 многу опасни бунтовници - талибанци“, дополни портпаролот на полицијата. Меѓу нив бил и Аднан Рашид, кој неодамна беше вмешан во нападот врз поранешниот претседател Первез Мушарав.

Портпарол на талибанците потврди дека радикалните исламисти се одговорни за нападот. Нападот бил долго планиран. Во акцијата бил ослободен важен водач. Според него биле ослободени 1.200 затвореници.

Денешниот напад во затворот е тежок удар за пакистанските власти во борбата против радикално-исламистичките талбанци. Изминатите месеци имаше помалку тешки самоубиствени напади. Според набљудувачите ваквиот развој се должи или на тоа што заострените безбедносни мерки ја заслабиле групата или, пак, тие ја имаат сменето својата тактика.