1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилството во Ирак продолжува

5 април 2004

Во Ирак ноќеска нови судири меѓу Шиитите и американските војници, во кои животот го загубија седум војници.

https://p.dw.com/p/AcOJ
Демонстрации во Ирак
Демонстрации во ИракФотографија: AP

Американската армија соопшти дека шиитските борци со лесно оружје и ракетни фрлачи ја нападнале полициската станица и владината зграда во квартот Садр-сити во Багдад. Во судирот се повредени давесетина војници.

Садр-сити важи како упориште на радикалниот шиитски духовен водач, Моктада ел Садр, чии приврзаници вчера демонстрираа против окупаторските сили во повеќе градови во земјата. Притоа, само во Наџаф се убиени 20 Ирачани, еден американски и еден војник од Ел Салвадор. Протестите беа поттикнати од апсењето на близок соработник на Садр и забраната што американската цивилна управа ја издаде за еден весник близок на Садр. Во борбите кај Наџаф учествуваа голем број припадници на забранетата Мехди милиција, која го поддржува Садр. Повеќето убиени на ирачка страна носеле црни униформи какви што има милицијата, јавуваат агенциите. Во престрелките што траеја околу три часа се повредени околу 200 лица, меѓу кои 19 војници. Во изјавата дадена по безредијата, американскиот цивилен управник во Ирак, Пол Бремер, рече:

”Утринава група луѓе во Наџаф ја мина линијата и пристапи кон насилство. Тоа нема да биде толерирано. Нема да биде толерирано од страна на коалицијата, на ирачкиот народ и нема да биде толерирано од страна на ирачките безбедносни сили.”

Бремер, оваа недела треба да го информира ирачкиот сенат за шансите за предавање на власта во рацете на Ирачаните до 30 јуни. Њујорк Тајмс пишува дека претседателот на комисијата за надворешна политика на американскиот сенат, Рихард Лугар бара одговори на централното пршање – безбедноста во Ирак. Републиканецот Лугар смета дека терминот за избори е можеби преран.

Демократскиот сенатор, Џозеф Бајден, стравува дека Ирачаните на долги патеки, не се во состојба да ја преземат одговорноста за внатрешната безбедност во земјата. Нешто мора да се случи или се заканува опасност од страшна граѓанска војна, изјави Бајден за телевизијата Фокс њус. Белата куќа и натаму се држи до зацртаниот временски план за предавање на власта во Ирак.