1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилство при социјалните протести во Тел Авив

АТ/ ртр/ ард 24 јуни 2012

По насилните демонстрации во Тел Авив се приведени 85 лица. Демонстрантите бараат социјални реформи и не се задоволни со мерките на владата на Нетанјаху.

https://p.dw.com/p/15KYN
Фотографија: picture-alliance/dpa

На повторните протести против социјална неправедност во Израел се уапсени 85 луѓе. Мирните демонстрации во Тел Авив против вчерашното апсење на еден од водачите на ова движење Дафне Лееф, ескалираа во текот на ноќта, соопшти полицијата. На демонстрациите според полицијата учествуваа околу 1.000 луѓе. Демонстрантите кршеле прозорци на банките, ги блокирале улиците, а дошло и до насилни судири со полицијата.

Организаторите на повторните социјални протести оценуваат дека на манифестацијата имало повеќе илјади учесници. Тие ја обвинија полицијата дека применувала голема бруталност против демонстрантите.

Од минатото лето во Израел постојано се одржуваат демонстрации за економски и социјални реформи. Економскиот одбор кој го формираше владата потоа се изјасни за редица реформи. Меѓу другото, беше препорачано драстично кратење на буџетот за војската.

Кабинетот на премерот Бенјамин Нетанјаху даде уверување дека ќе се преземат мерки против високите цени на станарините. Од агол на демонстрантите предвидените реформи не се доволни.