1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насочена индискреција

28 февруари 2006

Коментар на Даниел Шешкевиц

https://p.dw.com/p/Ac8Y
Дали Американците влегоа во војната во Ирак без сопствени информации!?
Дали Американците влегоа во војната во Ирак без сопствени информации!?

Еден извештај на „Њујорк тајмс„ од самиот почеток на оваа недела предизвика бура во политички Берлин. Американскиот весник напиша дека соработници на германската тајна служба БНД му ги предала на Вашингтон ирачките планови за одбрана на Багдад. Германската сојузна влада во целост ги демантира наводите, подеднакво како и Пентагон. Со тоа аферата околу тајната служба доби нов експлозивен материјал за билатералните односи. Ова е мислењето на Даниел Шешкевиц, дописник на Дојче Веле од Вашингтон, изнесено во наредниот коментар:

Од една страна станува збор за сериозен весник, а о друга тој се повикува на извештај на американската армија означен како таен. Се поставува прашањето кој во Вашингтон има интерес за тоа индициите за интензивна сорарботка меѓу германската тајна служба и САД во ирачката војна да се појават во јавноста токму сега?

А, дека станува збор за насочена индискреција во тоа постои малку сомнеж. Инаку, како американскиот весник би дошол до тајни материјали, згора на тоа и до скица на планот?

Сметката би можела вака да изгледа: налутена поради моралното лицемерие со кое старата сојузна влада настапуваше против ирачката војна во светската јавност, а истовремено го снабдуваше со информации својот сојузник, Вашингтон има намера да ги дискредитира Германија и владата на Шредер.

Во Берлин портпаролите на новата сојузна влада тоа во целост го демантираа. А, што друго би можеле да направат? Конечно старата влада во форма на социјалдемократите е присутна во кабинетот преку личноста на министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнамјер. Овие тврдења го погодуваат посебно него, зашто тој не беше особено среќна фигура и во објаснувањето за степенот на информираност на тогашната сојузна влада за транспортите на затвореници на ЦИА низ Европа.

Штајнамјер под Шредер беше шеф на кабинетот и како таков одговорен за тајните служби. Со тоа, насочената индискреција, до колку станува збор за таква, пред се е политички фронт и против него.

Меѓутоа, и демантот на сојузната влада има тежина. Тврдењето дека токму германската тајна служба им ги предала садамовите тајни планови за одбрана на Американците готови за напад, е смешно. Тоа дека Ирачаните имаа намера да го бранат својот главен град во неколку прстени, можеше да го дознае секој што сакаше да слуша, во деновите пред избувнувањето на војната. И во Вашингтон, зашто кај емириканските воени експерти и мислители тоа веќе беше општа сопственост!

Уште позагадочно е тоа што и во американските кругови, и за време на војната, се планирало со информациите на двајцата германски соработници во БНД, зашто самите не располагале со сопствени вердостојни информации за Багдад! А, во тоа време американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд Германците ги вброи во категоријата со Либија и Куба!

Лицемерието со кое обете страни ја мамат јавноста е всушност единствениот скандал. Во тоа малку би променил и парламентарен истражен одбор во Берлин. Особено што таму изјави нема да дадат никакви американски генерали или политичари.

За германско-американските односи, наводната откривачка сторија е еднаква на описот на состојбите: перењето валкан веш очигледно се уште не му припаѓа на минатото.

Даниел Шешкевиц