1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наставниците хомосексуалци страдаат во Германија

Клаус Јансен/Марта Таневска21 ноември 2013

Хомофобични подбивања сѐ уште се слушаат низ игралиштето. Наставникот хомосексуалец Александер Лоц е жртва на злоупотреба од ученици. Да се биде геј или лезбејка во германските училишта е постојана борба.

https://p.dw.com/p/19i7T
Фотографија: Alexander Lotz

„Навредите се честа појава“, вели Александер Лоц. Тој предава биологија и хемија во средно училиште во Франкфурт, гимназијата Гете, и откако признал дека е хомосексуалец бил во чести конфликти. Тој им кажал на момчињата и девојчињата дека е геј бидејќи бил изнервиран од обичен коментар на еден ученик: „Ова е толку геј“.

Тинејџерите во Германија го користат зборот „геј“ како синоним за „лошо“ или „бедно“. Лоц му кажал на ученикот дека не го одобрува изразот, бидејќи влијае лично на него.

И не е единствениот на кого му влијае. Во многу училишта во Германија, наставниците размислуваат два пати пред да ја признаат нивната хомосексуалност во училиштата. Проценките покажуваат дека 90 проценти од наставниците хомосексуалци надвор од училиштето се геј, но само 10 проценти го кажале тоа на училиште. Некои, бидејќи не сакаат да кажуваат за својот приватен живот надвор од училиштето, но многумина се едноставно исплашени како ќе реагираат учениците.

Alexander Lotz
„Навредите се честа појава“, вели Александер ЛоцФотографија: Alexander Lotz

Дури ни колегите не секогаш ги поддржуваат јавните признавања. „Ако не признаеше, немаше да ги имаш овие проблеми“, му кажувале на Александер Лоц, иако тој исто така вели дека другите колеги го поддржуваат колку што можат. Сепак, за хомосексуалноста вообичаено не се зборува отворено во германските училишта. Учениците како и наставниците вообичаено ја одбегнуваат темата.

Излегување на улица за толеранција

Ова се случува и покрај фактот дека хомосексуалците се борат за еднаквост во германскиот образовен систем со декади.

„Дури и во 1974 наставник хомосексуалец бил отпуштен од работа бидејќи бил отворен за својата сексуалност“, вели Детлеф Мике, пензиониран наставник од Берлин. Во тоа време Мике протестирал за колегата заедно со родители и ученици и на крај успел да му обезбеди враќање на работа. До 1969, наставниците во Германија не им било дозволено да бидат отворени за својата сексуална ориентација.

Правно, многу се сменило оттогаш, и ставовите на многу луѓе кон хомосексуалноста исто така се сменија. Но дури и во градовите како Келн, кој е познат низ Германија како град на хомосексуалноста, толерантноста е на граница.

EINSCHRÄNKUNG AG schwuler Lehrer in der GEW BERLIN
Во 1973, 20 наставници хомосексуалци протестираа против дискриминација со маски на главите на кои пишува „наставник“Фотографија: AG schwuler Lehrer in der GEW BERLIN

Истото важи и за Европа: Неодамнешна студија покажа дека во Холандија која е меѓународен пионер кога станува збор за правна еднаквост за хомосексуалците, само 5 проценти немаат проблем со наставници или ученици хомосексуалци.

„Посебно во училиштата, многу ги започнуваат своите животи во страв“, потврдува Вивиен Рединг, европски комесар. „Тие се прават дека се невидливи, тоа е нивната техника за преживување“.

Регионални иницијативи

Бјорн Кифер се бори против оваа невидливост. Наставникот од Бергиш Гладбах близу до Келн, водеше кампања неговото училиште да биде „Училиште на разновидност“. Проектот кој промовира прифаќање на хомосексуалноста во училиштата, постои неколку години и е поддржан од министрите од покраината Северна Рајна Вестфалија.

Хомосексуалноста е поддржана да биде тема на дискусија во такви училишта, на пример во попладневните дополнителни активности или на штандови на училишни саеми. Бјорн Кифер исто така го покрива предметот хомосексуалност за време на политичките предавања. Сепак, истакнува дека „училиштата се бавни во вклучувањето во процесот“. Во Северна Рајна Вестфалија само шест училишта се вклучени во проектот.

„Можеби тоа е бидејќи треба да има некој што ќе го промовира во училиштето, ќе го поддржува“, додава Кифер. Програмата е се` уште во рана фаза.

Некои други германски покраини се попрогресивни кога станува збор за промовирање на разновидноста - како на пример Берлин. Во училиштата треба да има претставник на „сексуалната разновидност“ на кој луѓето ќе можат да се обратат. Градоначалникот на Берлин, хомосексуалецот Клаус Воверајт, активно го промовира прашањето.

Lehrer Björn Kiefer
Бјорн Кифер го покрива предметот хомосексуалностФотографија: Privat

Некои покраини, пак, не се толку напред во размислувањата: На пример, во Есен, каде предава Александер Лоц. Лоц ја обвинува регионалната влада, која е коалиција од Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Слободната демократска партија(ФДП).

Во Северна Рајна Вестфалија истата коалиција на конзервативци и слободни либерали ставија забрана за брошура за хомосексуалноста во 2005, брошура која беше поддржана и од Европската унија. Брошурата беше прифатена во покраината пред три години под нова коалиција од Социјалдемократската партија(СПД) и Партијата на зелените.

Хетеросексуална норма

„Бидејќи образованието е во рацете на 16 поединечни покраини во Германија, наставниците кои се геј и лезбејки мора да се организираат во различни групи во секоја покраина. Мораш да правиш се` 16 пати, сето тоа е многу заморно“, вели Александер Лоц за ДВ.

Во многу случаи, групите се обединети преку Унијата на германско образование и научни работници (ГЕВ). Некои се среќаваат постојано да известат за своите доживувања и да прават нови планови. Многу мислат дека е важно темата за хомосексуалноста да биде дискутирана на часови.

EINSCHRÄNKUNG AG schwuler Lehrer in der GEW BERLIN
Исклучок се тие кои се отворено декларирани како гејФотографија: AG schwuler Lehrer in der GEW BERLIN

„Дури и во книгите, темата е ретко застапена“, коментира Бјорн Кифер.

Александер Лоц смета дека наставниците треба да бидат поинаку тренирани. Ако часот по биологија покрива само хетеросексуалност, вели Лоц, тогаш се преправаш дека има само една сексуална норма на која сите треба да се согласат.

„Наставниците треба да добијат поинаков тренинг за да не паднат во таа стапица“, вели тој. Притисокот на учениците хомосексуалци може да биде поголем отколку тој на наставниците хомосексуалци. Бјорн Кифер им признал на своите ученици пред две години, по внимателно размислување. Но Кифер никогаш не сретнал ученик кој јавно кажал дека е хомосексуалец.