1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО е незадоволен од постигнатото во Авганистан

Анди Нол8 февруари 2009

САД за прв пат јавно признаа грешки во политиката во Авганистан. Претседателот Хамид Карзаи, на конференцијата во Минхен предупреди дека клучот за смирување на ситуацијата лежи во меѓународната заедница.

https://p.dw.com/p/GpZO
Германски војници во АвганистанФотографија: AP

Седум години по почетокот на мисијата на НАТО во Авганистан, ситуацијата во оваа земја е далеку од задоволителна. Како натаму? Што да се направи за да се подобри лошата безбедносна ситуација и да се унапреди обновата? На оваа тема се расправаше на последниот ден од конференцијата за безбедност во Минхен. Земјите членки на НАТО се незадоволни од постигнатото. За САД и новата администрација нема простор за дебата. Потпретседателот Џо Бајден во Минхен изјави: „Претседателот Барак Обама нареди проверка на политиката кон Авганистан и Пакистан. Потребни ни се јасни и остварливи цели. Паралелно со утврдувањето на нашата политика ќе ни бидат потребни идеите и предлозите на нашите сојузници“

Предупредување од Шефер

Американците планираат двојно да ја зголемат бројката војници во Авганистан, на вкупно 60.000. Поголемо внимание треба да се посвети на соработката со Пакистан и цивилните проекти. Бајден не формулираше конкретни барања до европските сојузници. Но затоа на проблемот посочи Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер. Тој изјави дека бил загрижен кога слушал дека американците планираат засилен ангажман во Авганистан, а останатите сојузници отфрлаат да сторат повеќе. Тоа не е добро за политичкиот баланс на оваа мисија и за НАТО“ предупреди Шефер. НАТО сојузниците очекуваат напредок од властите во Кабул. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Минхен го презентираше билансот на обноватата кој е сеуште далеку од враќање кон нормалната ситуација. Во земјата сеуште владее корупција во редовите на владата, безбедносната ситуација е кревка, а Талибанците се вратени во најмалку десет провинции. Приговорот на САД дека Авганистан станува земја во која царува дрогата според Карзаи е погрешен. Тој смета дека таквиот епитет може да се употребува за земја која профитира од дрога и каде властите официјално ги употребуваат тие средства. Авганистан според Карзаи тоа не го прави. Производството на опиум во последните седум години е во пораст. Но онаму каде авганистанската влада ги презема проблемите, трендот се намалува“, вели Карзаи.

Jaap de Hoop Scheffer beim Treffen der NATO-Außenminister
Јаап де Хоп ШеферФотографија: picture-alliance/dpa

Карзаи пред изборен предизвик

Sicherheitskonferenz München Hamid Karzai
Хамид Карзаи на конференцијата во МинхенФотографија: AP

Дали Хамид Карзаи ќе добие можност да продолжи на овој пат, не зависи само од претседателските избори кои треба да се одржат во август. Во последно време е зголемена неговата дистанца со западот, а истовремено расте незадоволството поради малото влијание на централната власт. Германската канцеларка Ангела Меркел планира на јубилејниот самит на НАТО во април една од темите да биде државната структура на Авганистан. Покрај цивилната помош Германија сака да ја зголеми поддршката и во обуката на авганистанските сили за безбедност. Приоритет кој го поддржува и Карзаи. Тој смета дека клучот за успешна обнова на неговата земја е кај меѓународната заедница: „На меѓународната заедница и недостасува подобра координација. И покрај сите напори тоа не успеавме да го постигнеме. Колку пари ќе бидат издвоени и каде тие ќе се употребат не знаат ниту ОН, авганистанската влада и земјите донатори. Затоа е неопходна ефективната помош“ смета Карзаи.