1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО-Македонија

8 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bng0

Комитетот за одбрана и безбедност на парламентарното собрание на НАТО во Рејкјавик усвои предлог резолуција со која се повикува Македонија, Албанија и Хрватска, на самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 да добијат покана за членство. Во резолуцијата се повикуваат земјите членки на Алијансата да ги поканат на почеток на преговори земјите кандидати кои се подготвени за членство и чиј пристап е во насока на јакнење на стабилноста и безбедноста на евроатлансткиот регион. Резолуцијата треба да биде усвоена и на утрешната пленарна седница на Парламентарното собрание на која треба да биде присутен и генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер.