1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО: Мисија во Либија се’ додека е неопходно

14 април 2011

Воената мисија на НАТО во Либија ќе продолжи онолку колку што е потребно и се’ додека силите на властодржецот Моамер ел Гадафи не ги запрат нападите врз цивилите и не се повлечат во касарните, порача Алијансата

https://p.dw.com/p/10tcH
Министрите за надворешни работи на НАТО на состанокот во БерлинФотографија: AP

Ова е пораката која произлезе од денешната средба во Берлин министрите за надворешни работи на 27 земји- членки на НАТО.

Заедничкиот став на шефовите на дипломатии на земјите- членки на НАТО попладнево на прес-конференција во Берлин, го соопшти Генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

„ Ние сме одлучни да ги обезбедиме сите неопходни ресурси и максимална оперативна флексибилност во рамките на нашиот мандат. Високото темпо на операции против легитимни цели во Либија ќе продолжи“, изјави Расмусен во Берлин, додавајќи:

NATO Treffen 2011 Deutschland Berlin Plakat
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог РасмусенФотографија: picture alliance/landov

„Ние ќе продолжиме да вршиме ваков притисок се’ додека е потребно.

Повеќе авиони со високо-прецизни проектили

Покрај тоа, Расмусен истакна дека на НАТО му се потребни повеќе авиони со високо-прецизни механизми за нишанење за погодување на тешката воена машинерија на трупите лојални на Гадафи, сокриена во урбани региони.

„ За да се избегнат цивилни жртви нам ни‘ е потребна многу софистицирана опрема, така што ни требаат повеќе авиони ловци со многу прецизни проектили воздух- земја“, изјави генералниот секретар на Алијансата.

Јас сум сигурен дека земјите-членки ќе одговорат позитивно, истакна Расмусен.

Ова практично соодветствува со апелот на Франција и на Велика Британија до сојузниците да придонесат повеќе за мисијата во Либија

Двете земји, преку своите министри за надворешни работи, пред почетокот на денешната средба критикуваа дека НАТО не преземал доволно мерки против трупите на Гадафи и борбите мораат да се интензивираат.

NATO Treffen 2011 Deutschland Berlin Rasmussen
Фотографија: AP

Средба Меркел- Клинтон

Инаку на денешната билетарална средба во Берлин , германската канцеларка Ангела Меркел и американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон се согласиле дека либискиот властодржец Моамер ел Гадафи мора да ја напушти власти.

„Тоа е цел за која сме единствени, изјави Меркел по средбата со Клинтон во Берлин. Американската министерка учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО. Таа во обраќањето на средбата ја повика Алијансата да остане обединета во настојувањата да го заштити цивилното население во Либија.

Автор:СН/АТ/ртр/дпа/афп

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема