1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„НАТО не е светски полицаец„

10 февруари 2006

На вториот ден од неформалната средба на НАТО министрите на Сицилија во центарот на вниманието се најдоа можните задачи на Алијансата во иднина.

https://p.dw.com/p/Ac92
Франц Јозеф Јунг и Антонио Моратино пред медиумите на маргините од средбата на Сицилија
Франц Јозеф Јунг и Антонио Моратино пред медиумите на маргините од средбата на СицилијаФотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

При тоа САД, Велика Британија и Холандија скаат НАТо да прерасне во Воен сојуз што ќе оперира ширум светот. Кај останатите членки меѓутоа ваквите идеи наидуваат на скепса. Особено интензивна дискусија се водеше околу тоа какви се мисии би биле можни за силите за брза интервенција на НАТО, кои според планот треба да стојат на располагање до октомври годинава.

Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд особено се заложи за поинтензивно барање нови партнери на НАТО во азиско-пацифичкиот регион. Ваката намера Рамсфелд ја образложи пред се‘ со потребите на борбата против тероризмот. И за домаќинот на средбата, италијанскиот Министер за одбрана Антонио Моратино, НАТО веќе подолго време од одбрамбен сојуз се претвори во безбедносен и тоа таков сојуз што е отворен за сите можни партнери ширум светот.

„Одбрамбените сојузи се ексклузивни, тие се насочени и против други држави, додека безбедносните опфаќаат и други земји. Под одредени околности овие вторите се уште подобри, ако имаат повеќе земји членки. Тоа е и причината зошто НАТО се прошири.„

Германскиот министер Франц Јозеф Јунг, меѓутоа, со скепса гледа на ваквото проширување на НАТО со нови партнери, на пример од азиско-пацифичкиот регион. Сличен е ставот и на многу други колеги. Партнерство да, но не и повеќе членки надвор од Европа – таков е главниот став на Јунг:

„Сега не‘ има 26 членки и имаме покрај тоа уште 20 партнерства. НАТО не е некаква мини-организација на ОН, а не е ни светска полиција. Но, нам ни требаат натамошни партнерства во региони како што е Азија, од Австралија до Јапонија. Во Авганистан на пример сме присутни со сили од 37 земји, што покажува дека сме упатени на помош и развој на партнерства.„

На средбата во Таормина, шефот на армијата на најсилната членка на Сојузот, ги опомена останатите колеги до крајот на годината да стават на располагање доволен број војници за силите за брза интервенција. Тие според договорот треба да опфаќаат 25.000 војници, кои во рок од пет дена би требало да се во состојба да се стационираат на било кој дел од Пленетата. Германскиот Бундесвер дава околу една третина од силите, а во градпот Лајпциг ќе бидат стационирани и изнајмените авиони за превоз на силите за бтрза интервенција. Министерот Франц Јозеф Јунг изјави дека за сега се подготвени само 70% од ветените вкупно 25.000 војници, а има и спорови околу финансирањето:

„Кај нас има воздражност затоа штосакаме да одбегнеме двојно отповарување и затоа што сите колеги имаат проблеми со сопствениот буџет и не се во состојба дополнително да се ангажираат финансиски.„

А постојат и различни мислења околу задачите на овие сили за брза интервенција. Додека САД се залагаат за воени задачи, Франција акцентот го става на обебедување мир и хуманитарни ангажмани.