1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО останува отворен

9 мај 2009

Спорот за името останува единствена пречка за полноправно членство во НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Шефер по средбите со македонскиот претседател Црвенковски и премиерот Груевски.

https://p.dw.com/p/HmY8
По средбата на Јаап де Хоп Шефер и Бранко ЦрвенковскиФотографија: Petr Stojanovski

Јаап де Хоп Шефер во Скопје го повтори принципиелниот став на Алијансата дека нејзините врати остануваат отворени за прием на нови членки. Тој се заблагодари за соработката на Македонија со НАТО и за македонското учество во мисијата ИСАФ во Авганистан.

Македонскиот премиер Груевски истакна дека Македонија продолжува со реформите и нагласи дека земјата останува партнер на НАТО и очекува добрата соработка да продолжи и со новиот генерален секретар Андерс Фог Расмусен.

Македонскиот претседател Црвенковски по средбата со Шефер истакна дека и покрај разочарувањето од самитот во Букурешт, интеграцијата во НАТО останува стратегиска определба на Македонија и дека земјата натаму ќе се однесува како да е рамноправна членка на Алијансата.

Евро-атлантскиот совет на Македонија, на проштална церемонија, на Шефер му врачи благодарница и подарок за долгогодишната поддршка и партнерство во спроведувањето на мисијата за имплементирање на евроатланската идеја и вредности во македонското општество.

Јаап де Хоп Шефер беше генерален секретар на Севереноатлантската алијанса од 2004 година. Од 1 август на местото прв човек на НАТО ќе го наследи поранешниот дански премиер Андерс Фог Расмусен.

Автор: ЕМФ/миа