1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО повторно напаѓа цели во Триполи

24 јули 2011

Борбени авиони на НАТО во текот на ноќта кон недела повторно нападнаа цели во либискиот главен град Триполи.

https://p.dw.com/p/122U7
Фотографија: picture-alliance/dpa

Либиските опозициски групи преку интернет соопштуваат за најмалку четири експлозии. Цел на нападите најверојатно биле згради на безбедносните сили или складишта за оружје. Новата офанзива на НАТО почна уште во ноќта кон сабота.

Во меѓувреме, се зголемува поддршката за преодната влада. Според информации на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската влада планира на советот на бунтовниците да му додели кредити од сто милиони евра. Средствата треба да послужат во цивилни и хуманитарни цели, пишува весникот, повикувајќи се на извори од Службата за надворешни работи. Снабдувањето на цивилите во одредени делови на земјата е драматично.

Автор: ТТ/ЖА/дв

Редактор: Жана Ацеска