1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО – Русија антиракетен штит

26 април 2007
https://p.dw.com/p/AgA5

Во спорот околу планираниот американски ракетен штит, тонот меѓу владите во Вашингтон и Москва станува се поостар. Рускиот претседател Владимир Путин поради ракетните планови, најави еднострано напуштање на договорот за конвенционалните сили во Европа склучен со НАТО во 1990 година. Во денешното обраќање до нацијата, Путин изјави дека Запад не се однесува коректно. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс напротив, страхувањата на Русија ги оцени како смешни. Таа и’ префрли на Москва однос како од времето на студената војна. За ракетниот штит денеска во Осло ќе расправаат и министрите за надворешни работи на алијансата, зашто и во НАТО има отпори. Според информациите од германското министерство за надорешни работи, за проектот на САД колебања покрај Германија, имаат и Норвешка, Канада, Австрија и Словачка.