1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО: Серијата талибански напади не ги менува плановите за повлекување

ЕМФ/СН/ртр/афп/мф16 април 2012

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги нарече терористичките напади на талибанците во градовите Кабул, Џалалабад, Гардез и Пол-Алам неуспех на националното разузнавање и на НАТО.

https://p.dw.com/p/14ejv
Фотографија: DW

НАТО не менува ништо во своите планови за повлекување од Авганистан, соопшти портпаролот Оана Лунгеску по офанзивата на талибанците во Кабул и три други провинции. Според Лунгеску, „ова не се први вакви напади, а не очекувам ниту дека ќе бидат последни“. Таа нагласи дека во нападите нема многу жртви, што се должи и на подобрата оспособеност на авганистанските безбедносни сили.

Карзаи го критикува НАТО

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи претходно во писмено соопштение изјави дека офанзивата на талибанците покажува дека има пропусти во работењето на разузнавачките служби, особено кај НАТО. Во првата изјава по 18-часовниот напад на талибанските милитанти, кому утрината крај му ставија авганистанските и сојузничките сили, Карзаи рече и дека авганистанските безбедносни сили докажале дека се способни да ја бранат земјата и да се грижат за безбедноста.

Карзаи им наредил на надлежните органи во најкус можен рок да ги истражат причините за нападите и нему лично да му поднесат извештаи за тоа.

Серијата координирани напади на талибанците започнаа во неделата, а нивна цел беа зградата на авганистанскиот парламент, како и објектите во кои се сместени странски амбасади и претставништва. Портпаролот на талибанците изјави дека главните цели нападите во рамките на почетокот на нивната вообичаена пролетна офанзива, биле амбасадите на Германија и на Обединетото Кралство, како и седиштето на мисијата ИСАФ. Во судирите загинале најмалку 50 лица, од кои мнозинството биле талибанци, а 50-ина се повредени.