1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ја шири мисијата во Авганистан

10 февруари 2006

НАТО ќе ја прошири својата мисија во Авганистан. Ова го изјави генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер на вчерашното отворање на средбата на министрите за одбрана на земјите членки во Таормина на Сицилија.

https://p.dw.com/p/Ac93
Германскиот министер за одбрана Јунг е за дипломатија во спорот со Иран
Германскиот министер за одбрана Јунг е за дипломатија во спорот со ИранФотографија: AP

НАТО смета дека насилството не е средство за решавање на конфликтите, сметаат министрите кои очигледно вложија напори да не ја заоструваат ситуацијата. Сепак, изразија загриженост поради нападите врз норвешките, финските и американските војници во Авганистан, иако во меѓувремме, со помош на авганистанската полиција, ситуацијата е повторно под контрола, изјави Де Хоп Шефер. Тој дополни дека овие насилства нема да имаат никакво влијание врз плановите на алијансата ова лето да ја прошири мисијата на југот на земјата во Кандахар:

„Имавме тешки предизвици ова недела, но ние остануваме на обврската да ги прошириме заштитните сили на НАТО во Авганистан„.

Вилка Британија и Холандија ќе испратат по 6 илјади војници, додека американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд сака да повелече 3 илјади војници што би се концентрирале во гонењето терористи во граничното подрачје кон Пакистан.

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг повика на смиреност во врска со насилничките демонстрации пред некој ден:

„Мислам дека е важно овие насилнички акции, оваа ескалација поврзана и со карикатурите сега да се смири. Тоа не беше ад-хок акција, туку беше подготвена и за тоа сме согласни. Оттаму е потребно заеднички со земјите што носат одговорност таму, повторно да обезбедиме мир„.

Денеска министрите на НАТО за првпат ќе се сретнат со колегите од Јордан, Египет, Тунис, Алжир, Мароко и Марвитанија, како и од Израел. Тема: спорот околу карикатурите, меѓутоа ќе се разговара и за улогата на НАТО во борбата против тероризмот и во кризните подрачја во светот. Американците бараат поголем ангажман, Европејците кочат. Министерот Јунг на пример, е воздржан околу ангажманот на НАТО и на Будесверот во обезбедувањето на изборите во Конго:

„Ние веќе имаме силен контингент. На Балканот сме најсилни, исто така сме присутни и во Авганистан, па сметам дека финансиски сме малку повеќе оптоварени„.

Американските дипломати на пример, можат да замислат акција на новите трупи на НАТО за да се спроведат можните санкции на Советот за безбедност против Иран. За европските сојузници во алијансата таквиот чекор пак е со години далеку. Министерот Јунг вели:

„Тоа воопшто не е тема за дебата. Сега ни е потребен дипломатски успех. Се надевам дека Иран ќе попушти„.

И рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов кој ќе разговара со колегите од НАТО за спорот со Иран, смета дека е неопходна дипломатија.