1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафтата повторно поскапа

20 септември 2005

Тропската бура која го зафати америкаснкиот брег предизвика покачување на цената на нафтата која ја достигна границата од 67 долари.

https://p.dw.com/p/AeNv
ОПЕК во Виена
ОПЕК во ВиенаФотографија: AP

Еден барел ( 159 литри ) американска нафта од типот ВТИ, на азискиот пазар чинеше 67,20 долари оддносно 15 центи помалку од синоќешнотот затварање на берзата. Во понеделникот тропската бура „Рита“ предизивика покачување на цената на нафтата за речиси четири долари. Рекордната цена на нафтата од типот ВТИ е постигната на 30 август и изнесува 70,85 долари.

Во меѓувреме министрите од земјите членки на ОПЕК во Виена разговараат за зголемување на квотите, пред почетокот на зимата. За стабилизирање на пазарите би можело да бидат дополнитилно испорачани и до два милиона барели нафта на ден, во зависност од потребите, се вели во кругови на ОПЕК. Конечната одлука ќе биде донесена денека.