1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафта и злато – тоа се „срциња„ две!

28 декември 2005

„Црното злато„ – нафтата и жолтото – благородниот метал, ги одредуваа настаните во светската економија и големите берзи во годината 2005-та. Експертите велат: така ќе биде и во идната, зашто шансите за намалување на цените на нафтата се мали, а златото во целиот свет свети со нов сјај:

https://p.dw.com/p/AeN4
Вредно уште од времето на Инките и другите стари народи: ЗЛАТО!
Вредно уште од времето на Инките и другите стари народи: ЗЛАТО!Фотографија: Völklinger Hütte

„Нафтената година во секој случај беше многу интересна, пред се ако се има предвид крајот на 2004 кога цените драматично паднаа. Сите беа убедени дека тоа беше крај на нивното зголемување, но од тоа ништо не случи. Се покажа дека дека секоја година ќе биде уште потурбулентна„.

Сандра Еднер е нафтена експертка во германската Дека банка. Опуштањето на пазарите за нафта таа го посматра само како привремено. Зашто и во оваа година цените растеа, па мораше да се плаќа и до 70 долари за барел. Главен аргумент секогаш беше – потребата. Побарувачката расте и расте, во оваа година постојано. Фолкер Хелмаер од Бременската покраинска банка смета:

„Развојот може скоро сосема прецизно да се предвиди, зашто потребите во Азија многу пораснаа. Актуелното опуштање е резултат на тоа што делумно беа ослободени стратегиските резерви. Тоа значи дека во моментов имаме вештачки ниски цени на нафтата„.

Жедта по нафта во индустриските земји е непрекинато голема. Само САД дневно трошат 20 милиони барели. На второ место е Кина која е практично е незаситна: развојот бара енергија. Во секој случај експертите сметаат дека нафтата и во наредната година постојано ќе биде на дневен ред.

Благородниот метал, жолтото злато пак, во моментов доживува нов бум поради стравот од инфлација. Според експертите, во наредната година цената на златото од сегашните 500 долари за унца, би можела да се качи на 600 до 650 долари. Златото е највредно во последниве две децении години, се радува бизнисменот Павол Јурецко:

„Во првото полугодие цената на златото порасна за 5 проценти, во последниве месеци за 15. Многумина што се разбираат во пазарот сметаат дека тоа не е крај„.

И уште обајснува:

„Дневно имаме еден што продава и осуммина што купуваат злато. Побарувачката е голема, иако ретко доаѓа некој што ќе рече:’Сакам злато за 100 илјади долари’„.

Во моментов фина унца злато се продава за преку 500 долари. Павол Јурецко е оптимист: според него во наредната година ќе се плаќаат и по 600 долари. Фасцинацијата злато продолжува, цените веројатно натаму ќе растат, но сепак се далеку од рекордот во 1980 година – во јануари за унца се плаќаше преку 800 долари. Оној што тогаш купил злато се уште е во минус!

Инаку, еден од најголемите чувари на златната скапоценост е германската сојузна банка. Во нејзините трезори низ целиот свет лежат 3 илјади 428 тони, или според проценките на банката: скоро 45 милијарди евра.