1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нацистичкото минато на државната безбедност

Матијас Белингер / Александар Методијев7 октомври 2013

Германската служба за заштита на уставниот поредок го истражува сопственото нацистичко минато. Податоците кои историчарите досега ги собраа се изненадувачки, посебно кога ќе се споредат со другите институции во Германија

https://p.dw.com/p/19ueP
Фотографија: picture-alliance/dpa

Валтер Одевалд беше дел од третиот Рајх. Овој нацист имаше чин оберштурмбанфирер (во ранг на потполковник) на единиците СС и соработник на Гестапо. Исто така бил одговорен и за уништување на населби во Марсеј за време на окупацијата на Франција. Тогаш 800 луѓе се уапсени и однесени во концентрациони логори. По војната Одевалд ја продолжи кариерата во Западна Германија. Во педесеттите години на 20-от век тој стигна до раководител на Службата за заштита на уставниот поредок во Хановер, што во Германија е името на Државната безбедност.

Извештаите за нацистите кои работеле во институциите во Западна Германија веќе одамна не се ништо чудно. Имено, германското Министерство за надворешни работи, сојузната полиција и разузнавачката служба БНД веќе истражуваа колку нацисти преминале во нивните редови по падот на Хитлер. Големо внимание привлекува веста дека Одевалд бил исклучок во тогашната државна безбедност. Според досегашните истражувања на историчарите Константин Гешлер и Михаел Вале од Рускиот универзитет во Бохум, меѓу 1950 и 1975 година поранешните националсоцијалисти немале изразено влијание во таа служба.

„Врските се тенки“

Наспроти тоа, историчарот Екарт Конце пред три години утврди дека во Министерството за надворешни работи постои „висок степен на континуитет, каде одредени дипломати се длабоко компромитирани“. Што се однесува до сојузната полиција, историчарите тврдат дека меѓу раководителите на крајот на 50-ите години имало третина есесовци. За БНД се’ уште нема официјален извештај, но одамна се знае дека таа организација регрутирала припадници на СС-единиците. Меѓутоа, што се однесува до државната безбедност, која се занимава со внатрешната безбедност на Германија, историчарот Гешлер вели дека „континуитетот на персоналот е слаб“.

Pressekonferenz des Bundesamtes für Verfassungsschutz
Историчарите Михаел Вала (д.) и Константин Гешлер (л.) со претседателот na Германската служба за заштита на уставниот поредок Ханс-Георг МасенФотографија: picture-alliance/dpa

За тоа најмногу заслужни се сојузниците, кои строго го надгледувале регрутирањето на агентите.

„Оваа служба не смееше да стане нов Гестапо“, вели колегата на Гешлер, Вала, и додава: „Тие тоа секогаш го нагласуваа“. За поранешните членови на СС-единиците и Гестапо било многу тешко да добијат работно место во таа служба. Наспроти тоа, Службата за заштита на уставниот поредок вработувала припадници на воената безбедност од времето на нацизмот, како што било случај со Алберт Радке, кој со години бил потпретседател.

Нацистите се „протнале низ дупка“

И есесовецот Одевалд не ги исполнил условите кои ги поставиле сојузниците. Но, тогашните директори на службата очигледно не сакале да испуштат човек со негови квалификации, па го вработиле како слободен соработник. Тоа им го дозволувала дупка во законот, а Одевалд не бил единствениот злосторник кој на таков начин нашол вработување. Сојузниците попуштиле со контролата во втората половина на педесеттите години на минатиот век, па некои од нив добиле и вработување на неопределено време во тогашната служба. И Одевалд бил примен на неопределено време.

Deutschland Geschichte Verfassungsschutzpräsident Hubert Schrübbers
Хуберт ШриберсФотографија: picture-alliance/dpa

Истражувањето на двајцата историчари сепак е многу ограничено. Тие се концентрираат пред се’ на луѓето кои работеле како агенти во тајните служби во периодот на нацизмот и на припадниците на СС. Помалку внимание се посветува на службениците кои имале други функции во нацистичкиот режим. Дека имало и такви покажува случајот на долгогодишниот претседател на Службата за заштита на уставниот поредок Хуберт Шриберс. Тој мораше да ја напушти својата позиција во 1972 година, затоа што во времето на нацизмот како судија носел неправедни пресуди.

Гешлер и Вала проценуваат дека некогашните членови на нацистичката партија сочинувале помалку од 15 проценти од функционерите во оваа служба во текот на 50-тите години. Тоа е многу помалку отколку во други германски институции. Во истиот период, во Сојузната криминалистичка служба само двајца од 47 вработени немале врски со нацизмот.

Министерството за внатрешни работи, сепак, забележало дека есесовецот Одевалд работи во канцеларија на Службата во Долна Саксонија. По ургенција од Бон, Одевалд е отпуштен. Службата за заштита на уставот се обидела да го префрли во БНД, но тоа не и’ успеало. Еден западен агент го открил неговиот идентитет.