1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најавено новото лице на Дојче веле

2 февруари 2012

На прес-конференција во Берлин, интендантот на Дојче веле, Ерик Бетерман, ја најави новата телевизиска програма, особено понудата за Латинска Америка и новата интернет-страница. Почнуваме на 6-ти февруари.

https://p.dw.com/p/13vOr
Новото лого на Дојче ВелеФотографија: DW

За редакцијата на шпански јазик ова е особен предизвик: од следниот понеделник програмата на ДВ во Латинска Америка ќе почне со 24 часовно емитување.

Многу нови колеги работат на тоа, како Јулијана Гонзалес од Колумбија или Серџо Кореа од Чиле. За информациите од теренот ќе се грижат и од новото дописничко биро во Буенос Аирес. Дополнителниот шпански канал ќе нуди и вести на секој час, но и нови магазини, кои нема да бидат продуцирани само во Берлин, туку и во Латинска Америка.

Erik Bettermann PK zu Neue Programmstruktur bei der Deutschen Welle
Ерик БетерманФотографија: picture alliance/dpa

Повеќе шпански, тоа е само една од карактеристиките на новата програма на ДВ, која беше презентирана во Берлин. Целта е специјално насочена програма за сите гледачи, без разлика каде го гледаат ДВ.

„За мене ова е освежување на нашата понуда, се работи за регионализација на понудата и тоа е еден обид, кој се надевам дека ќе се покаже успешен, со програма директно насочена кон одредени региони да допреме до што поголема публика“, вели интендантот на ДВ, Ерик Бетерман.

Програмата на Дојче веле се пренесува преку шест сателити ширум светот. Особеноста е во тоа што гледачите ќе можат да изберат јазик по желба. Во Латинска Америка има еден канал на шпански и еден на германски. Во Азија постои еден канал на германски јазик и еден целодневен на англиски јазик.

„Се’ е насочено кон тоа, колку што е можно повеќе да ги приближиме Дојче веле и телевизиската понуда“, објаснува Бетерман.

И интернет-понудата на Дојче веле се освежува. Уште повеќе мултимедијална, а од понеделник и со нова адреса, www.dw.de.

Тоа е и нашето ново лого, за телевизија, радио и интернет- ДеВе.

Автор: Марк Ерат/ Борис Георгиевски

Редактор: Ж. Ацеска